
Москва летово воведува трамваи без возачи
Ова лето Москва ќе воведе трамваи без возачи, изјави денеска заменик-градоначалникот на руската престолнина Максим Ликсутов.
„Владата во Москва развива технологија за управување со трамвај без возач. Трамвајот беше тестиран во депото, а летово ќе се појави на улиците на Москва во режим без екипаж. Јасно е дека возачот првично ќе биде таму, но во иднина веруваме дека може целосно автоматски да работи“, изјави тој за новинарите, пренесе Интерфакс.
Како што додаде заменик градоначалникот, се надева дека во следните неколку години ќе се зголеми бројот на вакви автомобили во беспилотен режим.
Претходно, градоначалникот Сергеј Собјанин рече дека во Москва до 2030 година, значителен дел од трамвајската мрежа ќе стане автоматска.
На 6 април московскиот трамвај слави 125 години од неговото лансирање.
