Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините
Македонија

МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат согласно искажаните потреби на општините

10/02/2023

AA

Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН со која се бара обезбедување на учебници и корекција на содржински забелешки во истите најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници.

Потсетуваме дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници.


Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците кои се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а согласно искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително во тек е испорака на учебници по одредени предмети, за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време.

Во другите одделенија нема нови учебници, затоа што, реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години. Остануваат да важат постојните учебници, кои согласно законските прописи се користат најмногу 5 години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование.


Податоците велат дека општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници, споредбено со тоа што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4%). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8%), додека во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43%). Најголем дел од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени согласно новите наставни програми кои ги предвидува реформата.

За учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на истите ќе се изработат и нови учебници. Постапките се отпочнати и очекуваме навремена испорака и секако во тираж кој ќе ги задоволи потребите на сите училишта, а повторуваме, согласно бројот на ученици.


Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми.  Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена.

Министерство за образование и наука


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy