Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОЌНИТЕ ФИРМИ ДЕЛАТ ПАРИ, АКЦИОНЕРИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ – еве што се бара од сопствениците на акции
Економија

МОЌНИТЕ ФИРМИ ДЕЛАТ ПАРИ, АКЦИОНЕРИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ – еве што се бара од сопствениците на акции

22/06/2023

AA

Неколку
компании вчера објавија известувања до акционерите дека исплатата на
дивидендата почнува, и тие треба да ги достават или да ги ажурираат податоците
за трансакциските сметки на кои ќе им се изврши исплатата.

Станува
збор за „Макпетрол“, „Фершпед“ и „Гранит“, кои преку ценовно чувствителни
информации на Берзата ја информираа инвеститорската јавност за тоа какви ќе
бидат следние чекори.

Во
своето известување до имателите на обични акции, од „Макпетрол“ ги информираат дека Друштвото, согласно Одлуката од 30 мај годинава донесена од Собранието на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во
пари, во бруто-износ од 3.300 денари по акција, со датум на пресек на
акционерската книга 20 јуни 2023
година.

„Се
известуваат акционерите кои немаат доставено податоци за трансакциската сметка,
а заради исплата на дивиденда, да ги достават податоците до Макпетрол… Се повикуваат акционерите – физички лица
да ги ажурираат своите податоци, вклучувајќи ја и адресата на живеалиштето, во
Централниот Депозитар за хартии од вредност. Истата ќе се користи за уредна
достава на пресметката на данокот на доход, на кој подлежи исплатата по основ
на дивиденда. Дополнително акционерите – физички лица, кои не се запишани во
евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат соодветни мерки за
нивно запишување согласно процедурите на УЈП“, се вели во објавата од Макпетрол до акционерите.

И
„Фершпед“ има што да им каже на своите акционери.

„Ги
известуваме акционерите на Фершпед АД Скопје заради навремено комплетирање на
податоците за исплата на дивиденда, доколку немаат доставено, да достават
податоци од своите трансакциски сметки и документ за идентификација на адреса
на друштвото, или по
електронски пат“, се вели во објавата.

Се нагласува и дека согласно Одлуката за
исплата на дивиденда со дивиденден календар донесена на Собрание на акционери
на 31 мај годинава, правона дивиденда имаат
сите акционери на Фершпед кои се евидентирани во книгата на акции на ден 16 јуни годинава. Фершпед информира и дека ќе
извршат обработка на личните податоци на акционерите кои се неопходни во
постапката за исплата на дивидендаи плаќање на персонален данок.

И од градежната компанија Гранит ги
известија акционерите дека поради навремено комплетирање на податоците за исплата
на дивидендата за 2022 година, потребно
е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава во
прилог. Акционерите кои добиле дивиденда
за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба повторно да ги доставуваат.

Како што веќе пишуваше Фактор, дивидендата во
нафтената компанија Макпетрол изнесува нето пет милиони евра. Речиси целиот тој износ ќе
остане во Македонија затоа што во „Макпетрол“ доминираат домашни акционери
, пред се физички лица од
кои најбројни се актуелни и поранешни работници
.

„Макпетрол“ има, по слободни проценки, над 1.200 акционери сегашни
или поранешни вработени во друштвото и во фирмите – ќерки. Тие сите заедно ќе
земат нето износ од дивиденда во вредност од барем 2,2 милиони евра. Една
четвртина од дивидендата ќе оди во фирмата ќерка на „Макпетрол“ – транспортното
друштво ОИЛКО. 

Најголемата македонска градежна “Гранит“, исто така како што пишуваше Фактор, одлучи да подели 1,62
милиони евра 
бруто дивиденда. Таа ќе изнесува 36 денари по акција. Износот на дивиденда што го исплаќа „Гранит“ е
идентичен на ланската исплата на дивиденда од добивката за 2021 година.

Најголеми акционери на „Гранит“ се Зоран и Ивана Милковски, деца на
Страшо Милковски, актуелен претседател на Управниот одбор, кој
беше повеќе од две децении генерален директор на најголемата македонска
градежна компанија. Тие заедно поседуваат 18 отсто од сите акции во „Гранит“, а
најголем дел од нив се наследство од нивниот татко.Тие заедно, за нивните акции во „Гранит“ ќе
поделат нето износ од 270.000 евра дивиденда.

Треба да се спомне дека
Гранит има и многу мали акционери, главно вработените, кои се 3.783 лица, и кои
поседуват вкупно 70,3 отсто од акциите, каде што влегуваат и оние акции на
семејството Милковски.

Од Фершпед, пак, претходно
информираа дека ќе делат дивиденда во вкупен износ од 146 илјади евра, и тоа од
нераспределена акумулирана добивка од минати години, додека пак, дивидендата во
бруто износ по акција ќе изнесува 550 денари.

Во компанијата „Фершпед“ најголем акционер е исто така шпедитерската фирма
„Макошпед“, која оседува 19,65 отсто од обичните акции. Потоа, двајцата браќа
Накови, синови на долгогодишниот прв човек Штерјо Наков поседуваат по над 11
отсто од акциите, или конкретно, Драган Наков контролира 11,83 проценти, а Сашо
Наков има 11,04 отсто. Самиот „Фешпед“ поседува 9,99 отсто сопствени акции, додека, пак,
фабриката за чоколади „Европа“ има 9,66 отсто од капиталот на компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ

19/04/2026
Македонија

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот

19/04/2026
Македонија

СПАСЕН ЖИВОТ СО ПРЕСАДЕН ЦРН ДРОБ Од донорот е пресаден

19/04/2026
Македонија

СТЕРЈО ПАПУЛИ Е НОВ ЛИДЕР НА ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ Партијата

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕГИРА ДЕКА ВЛАСТА АНГАЖИРАЛА КОМПАНИЈА ДА ЈА СЛЕДИ ОПОЗИЦИЈАТА

19/04/2026
Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа по

19/04/2026
Македонија

ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги

19/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42649
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

А НА КОЈ ЈАЗИК СИНОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ПОЛОЖИ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ? Вреди за лицемерието

19/04/2026

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ И ВО ДАЈМОНД МОЛ Полицијата врши проверки

19/04/2026

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на

МИЦКОСКИ ОСТАВА ОБВИНИТЕЛСТВО ДА РЕШИ ЗА КРИВИЧНАТА ОД СДСМ Премиерот порача дека Беџети има каде

19/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозицискиот СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy