Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора: ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН
Економија

Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора: ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН

15/09/2023

AA

Нефункционирањето на правната држава, непочитување на
пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и доминацијата
на интересот на политичките партии над државниот интерес ја носат државата кон
економски пропаст. Овој заклучок на бизнис секторот е наведен во Декларацијата за општествен консензус и за
економски реформи, политики и мерки
што ја донесе Стопанската комора на
Северна Македонија по повод својата стогодишнина. Во неа бизнисот бара враќање од „партиската“ кон „државната агенда“, зашто
како што стои во Декларацијата, ваквата ситуација е неодржлива и на долг рок води
кон економска пропаст на земјата.

Од Стопанската комора велат дека Декларацијата е водич за
успешна и одржлива економска реформа во која се бара економската политика да се
стави над сите партиски приоритети. Ставовите кои се наведени во неа веќе се
потпишани од над 300 најзначајни компании, МАНУ, сите државни универзитети,
сите бизнис асоцијации. На ред се политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ е првата
парламентарна партија што ја потпиша Декларацијата минатиот месец.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги
повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата бидејќи
смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле
дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.

„Ние гледајќи ги сите работи, тргнувајќи од тоа дека создаваме пари од кои
секој троши и се расфрла во оваа држава, решивме минатата година, на 100
годишнината наместо прослави да седнеме и да видими што е тоа што треба да го
направиме. И нормално, донесовме една Декларација за која сите луѓе рекоа дека
е визионерски документ во кој клучна точка е менувањето на менталитетот. Ова е
направено така што секој збор има своја тежина и вистина. Време е да ги дефинираме
приципите на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. Време е да ги
обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети,
академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички
потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата“, вели
Азески.

Стопанската комора во
Декларацијата потсетува дека македонската економија остварува разочарувачки
бавен раст.Од 1992 година наваму има реален раст на БДП
од 1.7 отсто просечно годишно. Учеството на јавниот долг во БДП се зголеми од 23
отсто во 2008 година на 57,9 отсто на крајот на јуни 2023 година. Маневарскиот
простор за нови задолжувања се стесни и земјата се соочува со ризикот да стане
презадолжена доколку трендот на задолжување продолжи.

Македонија не успеа да го
реформира својот образовен систем и не продуцира кадри со знаења и вештини што
ги бара пазарот и новото време. Во текот на три децении Македонија не успеа да
го заокружи квалитетното инфраструктурно поврзување, ниту во земјата ниту со
соседните земји. Поради отсуство на конзистентен пристап земјата остана високо
зависна од увоз на енергенси, а со тоа и подложна на силни ценовни удари без
обезбедена алтернатива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy