Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР со детали за сообраќајката во Србија, во која загина македонска државјанка
Магазин

МНР со детали за сообраќајката во Србија, во која загина македонска државјанка

19/07/2024

AA

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека во сообраќајна несреќа вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени.

МНР соопшти дека преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

-Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана, наведуваат од МНР.

Претходно денеска дописникот на МИА од Белград јави дека во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац, на влезот во Грделичка клисура загина македонска државјанка, а четворица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од две и од четири години.

Несреќата, според српските медиуми, се случила кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда, која потоа поминала низ возилото. Во несреќата загинала сопругата на возачот, која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него, повредени се и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Северна Македонија кое се враќало од одмор во Словенија, кое има и словенечко државјанство.

-Жената беше сопатничка. Превезовме две деца, од кои едното има тешки повреди. Повреди има и возачот, сопругот на починатата, но се чини дека се полесни, иако не можеме ништо со сигурност да кажеме додека не заврши снимањето, кажа очевидец за весникот Ало.

Една екипа од Итна помош од Здравствен дом Лесковац и друга екипа од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница.

Според лекарите од Ургентниот центар во Лесковачката болница зад воланот бил И.А. (28), кој, за среќа, не е повреден, освен што е во состојба на шок и збунетост.

-Едното дете е на дијагностика, се сомневаме на фрактура на бутната коска, другото, за среќа, остана неповредено, изјавија лекарите од Лесковачката болница.

Истрагата се уште е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен возач на автобус, го возел со патници без возачка

27/04/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ ја докажа нашата подготвеност за колективната одбрана на националната, регионалната, европската и

27/04/2026
Македонија

Се скарале пред кафеана во Скопје па извадил нож и

27/04/2026
Македонија

Алармантни податоци: Малолетници сѐ почесто експериментираат со дрога и алкохол

27/04/2026
Македонија

Европскиот фронт бара потписи за уставни измени

27/04/2026
Македонија

Јаневска: Училиштето во Ѓорче Петров реагирало за насилството, родителите да

27/04/2026
Македонија

Кривична пријава за двајца дебарчани: Лажно собирале донации за „болно

27/04/2026
Македонија

Муцунски пред Комисијата за надворешни работи: Резултати, реформи и европска перспектива

27/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42913
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен возач на автобус, го возел со патници без возачка дозвола!

27/04/2026

Денеска (27.04.2026) на ул.”Панајот Гиновски” во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност

Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ ја докажа нашата подготвеност за колективната одбрана на националната, регионалната, европската и светската безбедност и мир

27/04/2026

Денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја проследи вежбата „Блесок 26“, дел од програмата на НАТО, којашто се реализираше од 19 до

Се скарале пред кафеана во Скопје па извадил нож и неколку пати го прободел

27/04/2026

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy