Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ ја докажа нашата подготвеност за колективната одбрана на националната, регионалната, европската и светската безбедност и мир
Македонија

Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ ја докажа нашата подготвеност за колективната одбрана на националната, регионалната, европската и светската безбедност и мир

27/04/2026

AA

Денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја проследи вежбата „Блесок 26“, дел од програмата на НАТО, којашто се реализираше од 19 до 27 април на полигонот „Криволак”.

Според неа, уште еднаш се докажа дека највисоките оценки за Лесната пешадиска баталјонска група не се случајни, туку се засновани врз манифестираното знаење, дисциплина, искуство и одговорност на македонската Армија, што ја профилираат како рамноправен, квалификуван и кредибилен член на Алијансата.

За неа, „Блесок 26“ е успешно положен тест за македонската подготвеност за брз и ефикасен воен одговор на реалните предизвици со коишто е соочен светот, во амбиент на тектонски промени на меѓународниот поредок и растечки закани по мирот и безбедноста.

Присутните ја проследија реализацијата на тактичката вежба „Воведување на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во офанзивни операции“.

По завршувањето на вежбата, претседателката им честиташе на учесниците за успешната реализација на истата.

На настанот, свои обраќање имаа и: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата,  генерал-мајор Сашко Лафчиски и началникот на Ј-9 на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, контраадмирал Торстен Маркс.

Меѓу присутните гости беше и командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување од Грција, генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

За мене, полигонот „Криволак“ веќе не е македонска периферна географска точка, туку лакмус за тестирање на македонската одбранбена подготвеност, важно камче во НАТО-мозаикот, служејќи му на мирот, како општо добро, во време на растечки безбедносни закани.

Денес тука, на самово место, in medias res, ќе бидеме не само сведоци, туку и коевалуатори на македонската одбранбена политика заснована врз докази, оценувајќи го степенот на неопходната хармонија меѓу знаењето и дисциплината, искуството и одговорноста, способноста за управување со современо оружје, елементи важни за компатибилноста на нашата армија со сестринските, но и за усогласената заедничка безбедносна политика.

Тука се креаторите и координаторите на македонскиот воено-одбранбен систем, коишто очекуваат да ги осветлат резултатите од својата макотрпна и одговорна работа.

Вежбата „Блесок 26“, во подлабока смисла е: проверка на институционалната и функционална димензија на капацитетот на Армијата како битен и високо почитуван сегмент на државата заради сериозниот пристап кон безбедноста, област којашто не трпи импровизација и површност и инсистира на длабочина и посветеност.

Живееме во време на драматични геополитички превирања и на правен вакуум, во коешто старите правила се релативизирани до непрепознавање и непочитување, а новите сè уште не се утврдени. Се случи незамисливото, војна на европско тло, Блискиот Исток не е само нестабилен, туку продуцира и поширока, па и светска нестабилност со далекусежни последици, сајбер-просторот прерасна во конфликтна арена, дезинформациите станаа инструмент за стимулирање на недоверба, а технолошкиот напредок, колку и да е евидентен, отвора сериозни етички и безбедносни дилеми.

Во такви околности, државите, меѓу кои и нашата, мора да се фокусираат на градење силни, стабилни и отпорни институции, да вложуваат во образованието, науката и знаењето, да ја зацврстуваат координацијата меѓу квалитетните системи, вклучувајќи ги и воените, подготвени за брза, рационална и ефикасна реакција.

„Блесок 26“, како дел од програмата на НАТО, е јасен израз на нашата посветеност кон колективната одбрана, регионалната стабилност и мирот. Ова го потенцираше и генералнот секретар Руте при неодамнешната посета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО

09/10/2026
Македонија

ПОПРАВЕН Е ТОМОГРАФОТ НА РАДИОЛОГИЈА Ќе се работи во две

09/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46071
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО ВО ЕУ Како известуваа бугарските

09/10/2026

Бугарските медиуми главно известуваа за средбата на министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова преку официјалните информации и

ПОПРАВЕН Е ТОМОГРАФОТ НА РАДИОЛОГИЈА Ќе се работи во две смени за да се снимат

09/10/2026

Од денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy