Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Многумина сакаат работа во странство, но дали се случува да не се прилагодат и да се вратат назад?
Економија

Многумина сакаат работа во странство, но дали се случува да не се прилагодат и да се вратат назад?

10/08/2023

AA

Многу луѓе
сонуваат за работа во странство, а голем е бројот на оние кои веќе го
реализирале тој план. Но, ги прашавме оние кои посредуваат при вработување во
странство, дали постојат случаи македонски работник да отиде во странство, да не може да се прилагоди на работните обврски и да се врати назад.

Милан Џинлев од Приорити солуции за вработување вели
дека  такво нешто кај нив не се
случува, затоа што детално ги информираат кандидатите каде и колку ќе работат,
за да нема непријатни ситуации подоцна. Дури, како што вели, кандидатите
добиваат и фотографии од сместувањето во странство.

„Ние прво правиме скрининг,
мораме да се запознаеме со карактерот на личноста, детално да ги презентираме
условите, платите. Дури некогаш сме брутално искрени и подобро е во канцелација
кандидатот да ни каже дека тоа е многу работа за него, дека е тешко, отколку да
отиде таму на лице место и да го каже истото, па да се враќа назад“, вели
Џинлев.

Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата „Хоризонт“ вели дека мал е бројот на случаи кога работниците се
враќаат назад и до тоа може да дојде само ако има прекршување на она што
претходно е договорено како обврска. 
Доколку работникот има средена документација, тој може да побара
прераспределба кај истиот работодавец.

„Доколку работникот е
незадоволен може да побара да биде прераспределен кај истиот работодавец на
друга позиција ако смета дека така ќе биде поисполнителен. Ако е отиден на
„црно“ може да оди од една во друга фирма додека да го пријават“, рече
Спасовска.

Од агенциите сметаат дека
кај лица поединци кои носат работници во странство, постои ризик да има
помпезни ветувања, но потоа состојбата на терен да испадне поинаква и
работникот да се откаже.

Посредник кој ангажира
работници за во Хрватска, вели дека во последно време има доста млади луѓе на
возраст до 35 години, кои откако ќе отидат таму, бегаат од една фирма, потоа
одат во втора или трета и се незадоволни.

„Младите сакаат пари, ама не
се навикнати на толку работа. Бегаат од една во друга фирма и се незадоволни,
но на крајот, не е до работата, до газдите, до платата, туку до нив самите.
Постарите тие што имаат над 50 години се научени поинаку и тие си работат“,
објаснува посредник за работа во Хрватска.

Македонец кој работи во
Хрватска вели дека пропусти има и на двете страни, затоа што потфрлаат и
работниците, не сите работници се вредни, но и не сите газди се чесни.

„Јас отидов како помошник да
работам во градежништво, му кажав на газдата дека немам познавање, тој ме
прифати, почнав да работам и по 2-3 месеци ми бараше ако можам да најдам
работници. Сериозен работник тешко се наоѓа. Има градежници кои се прават мајстори,
бараат дневница како мајстори, но кога ќе отидат таму се гледа дека не ја знаат
работата доволно. Има и газди кои ветуваат многу, но на крај не испаѓа така или
може да бидете во лоша работна средина и не секогаш парите се најважни, посебно
ако сте во таква средина“, вели Никола од внатрешноста на Македонија.

И тој додава дека работата
во странство не секогаш е лесна и дека има секакви ситуации. Посредник од
Скопје кој бара работници за во Грција, вели дека има ситуации кога младите се
откажуваат, затоа што имале преголеми очекувања, очекувале полесна работа,
поголема заработка, дека ќе имаат време и за да одмораат покрај море, односно
како што вели кандидатите се пријавуваат, но потоа ќе се испостави дека не одговараат за соодветните
работни позиции.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Drazen Zigic

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026
Македонија

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за

22/06/2026
Македонија

Се финализираат измените на Изборниот законик: Најголем дел од препораките

22/06/2026
Македонија

МВР во превентивна акција низ земјата: Се едуцираат пешаците и

22/06/2026
Македонија

10 пожари низ Македонија, два се се уште активни

22/06/2026
Македонија

СИЛНО НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Град, поројни дождови и засилен ветер

22/06/2026
Македонија

Апликацијата „МојДДВ“ утре привремено недостапна поради техничка надградба

22/06/2026
Македонија

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43882
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја стави интерпелацијата од „Левица“ на дневен ред. Владината реконструкција во завршна фаза, се чека

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за помош

22/06/2026

Роднини и пријатели на исчезнатиот Асанов Агуш се веќе на терен во главниот град и го пребаруваат реонот, во координација

Се финализираат измените на Изборниот законик: Најголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР прифатени со консензус

22/06/2026

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy