![Младата репрезентација на Македонија совладана од БиХ (ВИДЕО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/06/228239-mladata-reprezentacija-sovladana-od-bih-video-jpg.webp)
Младата репрезентација на Македонија совладана од БиХ (ВИДЕО)
По триумфот против Полска, денеска избраниците на Драган Канатларовски загубија со 1-2 во дуел во кој имаа многу шанси, но не ги искористија. По само 12 минути игра, Босанците поведоа со 1-0 со голот на Јагањац, а водството го зголеми Бристриќ во 72. минута.
Честа на македонската репрезентација ја спаси Фитон Адеми со гол постигнат во судиското продолжение.