Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митева: Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата
Македонија

Митева: Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата

17/03/2025

AA

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција најави дека Владата утре на седница ќе донесе одлука за организирање и обезбедување на превоз и сместување на семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји

-Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања кога им се најпотребни на нивните најблиски. Затоа Владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи семејствата да бидат покрај своите најблиски, рече Митева на прес-конференција.

Сите потребни детали и координација, како што посочи, семејствата на повредените можат да ги добијат на телефонот 070 270 370.

-Ги повикуваме сите семејства да ја користат оваа линија за да можеме ефикасно да ја организираме поддршката што им е потребна, рече Митева.

Митева нагласи дека Владата денеска донесе одлука да соработува со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации за настраданите од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со цел да се обезбеди брза и координирана помош.

-Како Влада работиме посветено за да обезбедиме преземање на сите неопходни мерки. Ќе соработуваме со Црвениот крст за да имаме унифицирана поддршка и спречување на злоупотреба и конфузија. Имајќи единствена, официјална сметка за донации, ги елиминираме сите дилеми за тоа каде и како да донираме. Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно. За жал, во тешки времиња, дезинформациите може да се шират и сакаме да спречиме каква било несигурност околу каналите за донации, рече Митрева и посочи дека Црвениот крст веќе има досие за управување со ваква помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензионерите го очекуваат септемвриското усогласување – наскоро ќе биде познато

18/07/2026
Македонија

Македонија во мај ја посетиле над 130 илјади туристи, Турците

18/07/2026
Македонија

Уапсен скопјанец на границата со Косово, запленети две товарни возила

17/07/2026
Македонија

Директорката на „Водовод“ Гостивар тврди: Заболените не се од водата,

17/07/2026
Македонија

ВИДЕО Алармантно во Гостивар – водата што тече од чешмите

17/07/2026
Македонија

Македонец и Србин се скарале среде ноќ на брод –

17/07/2026
Македонија

Рама: Албанија нема да ја блокира Македонија на патот кон

17/07/2026
Македонија

Трагедија во Прилепско: Маж загина откако се превртел со трактор

17/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44458
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензионерите го очекуваат септемвриското усогласување – наскоро ќе биде познато колку ќе се зголемат пензиите

18/07/2026

Пензионерите во земјава со внимание го очекуваат септември, кога треба да се реализира новото законско усогласување на пензиите. За разлика

Македонија во мај ја посетиле над 130 илјади туристи, Турците најбројни странски гости

18/07/2026

Македонија продолжува да привлекува сè поголем број странски посетители, а најновите статистички податоци покажуваат дека туризмот бележи позитивни движења. Во

Уапсен скопјанец на границата со Косово, запленети две товарни возила со криумчарена стока

17/07/2026

Полициска акција на македонско-косовската граница резултираше со приведување на скопјанец и заплена на две товарни возила кои, според првичните информации,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy