Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Минималната плата од април повисока за 2.392 денари
Македонија

Минималната плата од април повисока за 2.392 денари

22/03/2024

AA

На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во месец јуни 2024 година.

По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот по основ на просечно исплатената нето плата е 14,9% според соопштението бр.4.1.24.16 од 22.02.2024 година на Државниот завод за статистика, а порастот на индексот на трошоците на живот изнесува 9,4% според податоци на Државниот завод за статистика објавени со соопштение 4.1.24.02 од 09.01.2024 година.

Согласно членот 4 од Законот за минималната плата за 2023 година треба да се усогласи:

50 % од 14,9% = 7,45 %

50 % од 9,4 % = 4,70 %

7,45 % + 4,70 % = 12,15 % при што

минималната плата за 2023 година во износ од 29 739 денари, усогласена, односно зголемена за 12,15 % ја дава минималната плата за 2024 година, односно истата изнесува

29,739 + 12,15 % = 33 352 денари во бруто износ и 22 567 денари во нето износ.

Во однос на минималната плата за 2023 година, минималната плата за 2024 година ќе бележи пораст од 3 613 денари во бруто износ, односно 2 392 денари во нето износ.

Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година содржи број на инспекциски надзори од областа на работните односи и безбедноста и здравје при работа, број на инспекциски мерки, број на контролни инспекциски надзори, број на поднесени прекршочни барања за сторителите на прекршокот и исходот од прекршочните барања кои се евидентира од страна на Државниот инспекторат за труд.

Во врска со работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година изготвени се 10 занимања според предвидениот работен план за преглед на занимања за периодот 2022 – 2026 година и изработката на занимањата оди согласно предвидената методологија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси

22/02/2026
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси доаѓаат од југ

22/02/2026

Во текот на целата седмица што претстои Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026

Надлежните служби спроведуваат постапка за утврдување на причините поради кои две ретки птици од видот мршојадец биле пронајдени угинати во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy