ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Колкав минималец ќе земат работниците?
Минималната плата од април ќе биде повисока за 2.392 денари.
Минималецот за месец март ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и ќе забележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, утврдено е денеска на седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) која се одржа во Влада.
„По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, објавија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои и утврдувањето на висината на минималната плата.
Идната Влада уште во првите 100 дена да направи уште една корекција со што минималната плата би достигнала износ од 450 евра, велат од ССМ.
Инаку, македонскиот минималец е најнизок во регионот.
Вредноста на минималната синдикална кошничка за месец март изнесува 58.998 денари или за 1.522 денари повеќе од февруари.