Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?
Економија

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

19/11/2024

AA

Медиумите пред неколку дена објавија дека во Федерацијата Босна и Херцеговина(БиХ)
минималната плата ќе се зголеми на 600 евра.

Сепак, Салведин
Шаторовиќ, претседател на Сoјузот
на самостојни синдикати во БиХ вели дека тоа зголемување не се однесува
исклучиво на најниска плата, туку на најниските примања на работникот. Додава
дека терминот најниска плата се однесува за она што работникот го заработил, а
тоа се 310 евра, а во најниски примања се вбројува и топлиот оброк, превоз,
работниот учинок, кој со законските измени, работодавецот мора да го исплати во
висина од 100 евра.

„Овде треба да се
нагласи дека топлиот оброк и превозот, не се законски категории, што значи дека
истите работодавецот не е должен да ги исплати, ако не се превидени во
колективните договори, во правилникот за работа или во договорот за работа. Сите
овие наведени работи се пречки до остварувањето на најниски примања за
работникот од 605 евра. Според најавите на Владата на Федерацијата БиХ, се
планира платата да се зголеми од 310 евра на 350 евра, а работодавците да ги
обврзат да исплатат за топол оброк 130 евра и за превозот 25 евра, но и
работен учинок од 100 евра, така што ќе дојдеме до 605 евра по работник и тоа
ќе се однесува и на работниците кои допрва ќе засноваат работен однос“, додава
Шаторовиќ.

Сепак, објаснува
дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство изнесува 1.550 евра и
еден работник кој заработува 1.200 евра, не може да обезбеди достоинствен живот
за себеси и семејството. Но, секое покачување е добро и е чекор напред во однос
на сегашната состојба.

Шаторовиќ додава
дека и во БиХ за жал има ситуации кога работниците на работодавецот му враќааат
во кеш дел од парите кои ги примиле на сметка или примаат дел од платата во
плик и тоа поминува неказнето.

„Ако се работи за
државна, градска или кантонална фирма, нема да може да наоѓа „дупки во
законот“, а приватните сигурно ќе посегнат по тоа. Ако се каже дека е
минималецот 600 евра, јас сфаќам дека тоа треба да биде чиста плата, плус топол
оброк, и превоз, а ако е со топол оброк и превоз, исто како да не е покачена
платата. Се надевам дека ќе биде подобро во иднина“, вели млада девојка од
Сараево.

Амир Меџиќ од Здружението за текстил, обувки и кожа УТОК од
БиХ вели дека на ниво на целата држава
БиХ не е одредена најниска плата, туку на ниво на ентитет и таа се однесува на
сите вработени без разлика каде работат.

„Тоа значи дека не можат да
исплатат пониска плата од најниската, а најголем дел исплаќаат повеќе. Во
Федерацијата БиХ сега најниската плата е 310 евра, а во Република Српска,
најниската плата е 460 евра. Просечната исплатена нето плата за септември годинава,
во Федерацијата БиХ е 700 евра“, додава Меџиќ.

Вели дека во РС, најниската
плата е висока и работодавачите не можат да прифатат да исплаќаат повеќе пари,
за што се води дијалог.

Во Македонија пак
синдикатот,  бара минималец од 450 евра
веднаш, да не се чека до март 2025 година за зголемување кое според проценките
ќе биде околу 2.000 денари или нешто под таа сума.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
Македонија

КОСКИТЕ НА САМУИЛ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ОСТРОВОТ „СВЕТИ

03/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПОРАКИТЕ НА УРСУЛА ФОН ДЕР

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45962
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во Росоман

03/10/2026

Заклучно со 29. септември во Македонија се регистрирани вкупно 71 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје. Од

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ Партијата

03/10/2026

„ВЛЕН“ ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy