Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милошоски: Решение е претседателски и парламентарни избори да се во ист термин, државата ќе заштеди пари и време и нема да влезе во уставна криза
Македонија

Милошоски: Решение е претседателски и парламентарни избори да се во ист термин, државата ќе заштеди пари и време и нема да влезе во уставна криза

25/10/2023

AA

Од власта ја верглаат темата за уставни измени бидејќи немаат полиња со успеси. Ако зборуваме за образование нема учебници, ако зборуваме за пензионери има незадоволство, ако зборуваме за финансии има презадолженост, ако зборуваме за општини има слаби дотации и поддршка за општините. Немаат други теми, а уставните измени вакви какви што се под уцена од трета држава немаме намера да ги гласаме и остануваме на тој став, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за утринска емисија за Канал 5.

Милошоски во однос на изборите потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ предлага пристојно решение, тие да бидат во заеднички термин, односно вториот круг на претседателските избори да се поклопи со парламентарните избори и за тоа постојат три причини.

Да не се трошат големи средства, по 9-10 милиони евра чини еден изборен циклус, второ да има поголема излезеност да нема уставна криза бидејќи изборот на претседател бара цензус од 40% и тоа не е така лесно да се достигне со овие феномени на послаб наталитет и голема миграција и третата причина е што сметаме дека на заеднички избори би и заштедиле на државата време бидејќи сите институции, општини, болници претпријатија, установи кога има изборен циклус се во грч бидејќи има одредени забрани за набавки. Ако има заеднички избори, тој циклус ќе заврши до 8 мај, наместо да биде државата во грч до Илинден, нагласи Милошоски.

Во однос на проширувањето на ЕУ за полноправно членство, тој посочи дека во моментов не е приоритет за повеќе земји членки на ЕУ и затоа Македонија треба да се посвети на домашните задачи.

– Скептик сум дека до 2030 година не само за Македонија, туку и дека некоја друга земја од регионот, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ дека би станале полноправни членки. Затоа нашите сили треба да ги насочиме кон подобрување на општеството и системот во Македонија и да ги зајакнеме сите можни врски за искористување на оние дадени можности за претпристапна помош со ЕУ и од нив да побараме да бидат искрени кон регионот, дали имаат можност и желба за нови членки или сакаат интегрирање без зачленување, изјави Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy