Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „БЕХТЕЛ И ЕНКА ДОБИВА ПАРИ“: „На ситно“ од буџетот
Економија

„БЕХТЕЛ И ЕНКА ДОБИВА ПАРИ“: „На ситно“ од буџетот

25/10/2023

AA

Министерството за транспорт и врски префрлило уште 3,5 милиони евра на сметката на јавното претпријатие „Државни патишта“ за проектот со Коридор 8 и Коридор 10Д кој го изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Новата сума од 216.308.513 денари била префрлена на 2 октомври. Претходно слична бројка беше трансферирана на 10 август. Во јули пак беа дадени околу 7,3 милиони евра за носителот на проектот за изградба на четири автопатски делници. Ова се значително помали суми по стартните 117 и 53 милиони евра одобрени за „Бехтел и Енка“.

Ова е петта трансакција за потребите на проектот и досега веќе се „испорачани“ повеќе од 180 милиони евра за американско-турската градежна компанија. Официјално конзорциумот со работа започна на 13 септември, а паралелно и натаму се во тек повиците со кои се бараат работници.

„Бехтел и Енка“ започна со изградбата на средината на минатиот месец со минирањето над гостиварското село Дебреше за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани на Коридорот 8. Изведувачот овој проект го гради со директни финансии од буџетот.

„Бехтел и Енка“ за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Сино Хидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023. 

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево – Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра.

За инвестиции од програмата за финансирање на патна инфраструкура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д реализирани се 10,46 милијарди денари, односно 170 милиони евра, што беше и претходно објавено во медиумите до тој период на годината.

Според финансиската програма, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат вкупно околу 250 милиони евра во неколку транши со повисоки суми.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy