Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Милков: Нема да прифатиме формулации за Бугарите да им се доделува различен статус во Македонија
Македонија

Милков: Нема да прифатиме формулации за Бугарите да им се доделува различен статус во Македонија

06/04/2023

AA

Би рекол дека за Бугарија е единствено важно да обезбеди еднакви права на бугарскиот народ со другите народи во Република Северна Македонија. Ова на брифинг го изјави вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Николај Милков. Тој одговори на прашање во врска со изјавата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дека барањето на Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени е скандалозно.

– Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Северна Македонија, коментира Милков.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и заложбата на Скопје да преземе мерки за обезбедување ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на Бугарите, се наведени во Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, кој беше потпишан на 17 јули 2022 година, потсети министерот. Тој изрази жалење што оттогаш нема напредок по ова прашање. Според него, темата станала предмет на „внатрешна дебата“, поврзана со покренување постапка за промена на Уставот на Република Северна Македонија.

Во врска со почетокот на овој процес, Милков изјави дека ги поздравува напорите на Република Северна Македонија за исполнување на обврските, кои, според него, треба да доведат до практична рамноправност на тукашните Бугари.

Успешното завршување на еден ваков процес ќе доведе до издигнување на билатералните односи на квалитативно ново ниво и ќе даде позитивен поттик на напорите на Република Северна Македонија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави Милков. Тој посочи дека процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Северна Македонија.

Има низа акции кои може да се оквалификуваат како обиди за подигнување на степенот на тензија, со што би се намалила можноста за мирен дијалог и атмосфера за овие промени, истакна Милков.

– Јас лично не мислам дека изјавите од ваков тип водат кон смирување на ситуацијата, посочи тој во врска со изјавата на Пендаровски.

Во духот на нашето досегашно искуство, би сакале да избегнеме сценарија во кои приоди и конкретни решенија се договараат зад грб на Бугарија со земјите членки на Европската унија, за потоа да ни се врши притисок или да бидеме ставени пред свршен чин, коментира исто така министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy