Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ: Oчекувам намалување на цените на производите
Економија

МИЦКОСКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ: Oчекувам намалување на цените на производите

12/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува намалување на цените на производите поради ограничувањето на маржите на 10 отсто. 

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април.

„Па очекувам, апсолутно да. Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и дебрифинг од страна на извештајот којшто го има доставено Државниот пазарен инспекторат. Договоривме да во најскоро време се излезе со предлог.  Денеска се сретнавме, пред да дојдам овдека во Кавадарци, бев во Собрание имаше пратенички прашања, нели според новиот деловник, опозицијата прашува ние одговараме, се сретнав со министерот, предлогот го имам веќе во работна верзија. Во текот на денот ќе се усогласува и очекувам на итна седница во текот на утрешниот ден истиот да биде донесен и да биде спроведен од страна на супермаркетите или хипермаркетите. Маржата малопродажна и големопродажна се ограничува едната на 10 и другата на 10 проценти и очекувам тука да има, се разбира драматично намалување на цените на оние производи коишто вистински ги користат граѓаните. Тие се проширени со друг тип на производи коишто се за хигиена, исто така и бебешката храна е вклучена. Така што од тоа што можев да го видам, гледам дека речиси е сѐ опфатено, она што граѓаните го користат. Инаку оваа мерка ќе важи до 30 април, за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, вели Мицкоски. 

Донесена е одлука сите супермаркети или хипермаркети на своите веб страни транспарентно, на дневна основа ги ажурираат цените. 

„Е сега дали тоа ќе има некаков ефект, тоа е пракса во некои од земјите во светот, ако во еден ланец маркети, еден производ чини Х парички, а во друг чини Х половина парички, тогаш како консумент јас ќе се под замислам од каде да го купам тој производ, но и тоа ќе создаде своевидна на конкуренција на едните со другите.  И третиот заклучок беше, министерот за економија и труд да свика работна средба и координација со сите институции како што е Комисијата за заштита на конкурентноста, Државниот пазарен инспекторат и така натаму, сите оние коишто се значајни и да излеземе повторно на терен и да ја прошириме малце акцијата, да видиме и на други трговски супер или хипермаркети во делот на белата техника, како сето ова функционира“, вели премиерот. 

Граѓаните двапати ги бојкотираа маркетите поради високите цени по примерот на Хрватите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy