Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Tалат за премиер нема да го поддржиме, после 8-ми мај ќе го потсетам на изјавата баш ми е гајле
Македонија

Мицкоски: Tалат за премиер нема да го поддржиме, после 8-ми мај ќе го потсетам на изјавата баш ми е гајле

24/01/2024

AA

„Нема да бидеме како СДСМ, ќе бидеме во собраниските клупи и ќе се воздржиме од гласање. Нема да гласаме за тоа што цениме дека Талат Џафери не заслужува да се гласа“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Мицкоски потсети на однесувањето на Талат Џафери во вториот мандат како што е претседател на Собранието на Република Македонија, ако се заборави неговото однесување во првиот мандат.

„Во вториот мандат, на пати тој го крши Деловникот, Уставот, законите итн. Цениме дека не може тој човек да биде човек кој што може да обезбеди еден процес во кој што сите ќе бидеме горди. Но, ете тој е резултат, плод на еден политички договор кој што го имале СДСМ и ДУИ“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Талат Џафери е коалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ.

„Јас да сум мандатар нема да прифатам таков лик да биде дел од мојот кабинет“, рече Мицкоски.

„Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека тогаш кога по неколку месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ослободи партизираното обвинителство и судство ќе го потсети Талат Џафери на изјавата „баш ми е гајле“.

„После 8-ми мај кога граѓаните ќе ја дадат довербата и некое време откога ќе го ослободиме обвинителството и судството јас лично ќе ве потсетам на оваа изјава на господинот Талат Џафери и тогаш ќе видиме какви репeркусии таа изјава носи“, појасни тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy