Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Сите разбираат дека Македонија треба да напредува, но земја од Унијата сака да не врати во средновековието
Македонија

Мицкоски: Сите разбираат дека Македонија треба да напредува, но земја од Унијата сака да не врати во средновековието

23/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека Македонија мора да ја споделува својата вистина за евроинтеграциите со светот, особено пред кредибилни соговорници. Како што изјави по посетата на Општина Гази Баба, земјата добива поддршка од сите страни, но една членка на ЕУ го кочи нејзиниот напредок.

„Мора да укажуваме на двојните стандарди и да се бориме со факти. Сите разбираат дека Македонија треба да напредува, но за жал, една земја од Унијата сака да не врати во средновековието. Ние нема да се откажеме од борбата за вистината“, истакна Мицкоски.

Градење сојузништва и меѓународни средби

Тој најави важни меѓународни активности, вклучително и приватен ручек со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, како потврда на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Турција 🇹🇷. Премиерот ќе учествува и на владина конференција во Будимпешта, од каде ќе испрати силни пораки за поддршка на македонските евроинтеграции.

„Мора да градиме сојузништва и да победуваме не само дома, туку и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим и Лондон. Досега, поради неодговорни политичари, немавме доволно амбиција, но сега тоа се менува“, нагласи тој.

Одговор на критиките за поддршката на говорот на Венс

Во врска со критиките дека аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, кој е дел од Републиканската партија, Мицкоски изјави дека вистината не треба да се цензурира.

„Ако некој ја кажува вистината и посочува примери за двојни стандарди, тоа не треба да биде проблем. Најголемиот настан на Републиканците во Вашингтон покажа дека новото нормално доаѓа и ќе го преплави светот. Мора да се прилагодиме на тоа и да ја кажеме својата вистина“, додаде премиерот.

Македонија ќе се бори за своето место во светот

Според него, Македонија мора да ја раскаже својата вистина за да се спротивстави на неправдите и да напредува кон Европската Унија. „Ќе продолжиме да се бориме. Оваа земја заслужува подобра иднина и ние ќе направиме сè за да ја обезбедиме“, порача Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата

20/11/2026
Македонија

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ

20/11/2026
Македонија

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја

20/11/2026
Македонија

НЕМА СИГНАЛИ ДЕКА СЕ ПЛАНИРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Илија Димовски очекува

20/11/2026
Македонија

НАСИЛСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА Владата

20/11/2026
Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот

20/11/2026
Македонија

ЗА ОДБРАНАТА НА РИСТОВ СПОРНО Е КАКО СЕ СОБРАНИ МАТЕРИЈАЛИТЕ

20/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И

20/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46861
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата ги приведе

20/11/2026

Полицијата во четвртокот вечерта во Скопје привела две малолетни девојчиња, кои биле пријавени дека пресретнале друго девојче, кое го тепале

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ ИСПРАТИЛЕ ПИРОМАН Бизарна пресметка меѓу

20/11/2026

СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја исполни целта на Визијата 2030

20/11/2026

Кралството се најде на првото место меѓу 194 држави и територии оценети од Обединетите нации за онлајн владини услуги, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy