Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски најавува ново решение за стабилизирање на цените на храната
Македонија

Мицкоски најавува ново решение за стабилизирање на цените на храната

17/06/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Битола најави дека Владата наскоро ќе излезе со предлог-мерки за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Иако не откри детали, Мицкоски посочи дека внимателно се следи пазарната состојба и дека се работи на системско решение со вклучување на експерти, трговци, производители и дистрибутери.

– Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци така што ова е еден сериознен процес во којшто сериозно навлегување и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за економија Бесар Дурмиши викендов во изјава за медиумите рече дека Пазарниот инспекторат ја следи состојбата, но дека не е забележано драстично зголемување на цените.

– Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец, Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега, изјави Дурмиши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17

10/09/2026
Македонија

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45618
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17 илјади евра за да помогне

10/09/2026

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот На ден 10.09.2026 година, до 18:00

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy