Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски најави одложување на есенската потрошувачка кошничка: Не сакаме да бидат исфрустрирани трговците и производителите
Економија

Мицкоски најави одложување на есенската потрошувачка кошничка: Не сакаме да бидат исфрустрирани трговците и производителите

16/09/2024

AA

Премиерот Христијан Мицкоски најави одложување на почетокот на „есенската потрошувачка кошничка“ со замрзнување на цените или намалување на маржите на одредени производи, затоа што се уште се усогласувале ставовите со трговците и производителите.

„Ние сме подготвени за разговор, ние не сакаме на сило ништо да направиме, туку да најдеме заедничко решение.Не е поентата сега ние како влада на сила да ги правиме работите. Знам дека во минатото на сила се правеа работите. Ние имаме намера да разговараме со сите засегнати страни и сите заедно да направиме нешто добро за државата. Јас не мислам  Не сакаме трговците и производителите да бидат исфрустрирани поради таквиот однос на владата“, рече Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање пред средбата со германската стопанска комора.

Одлуката за намалување на цените требаше да биде донесена од страна на Министерството за економија до крајот на минатата недела а да биде прифатена на тековната седница на Владата оваа недела, но сега премиерот најавува дека тоа нема да се случи барем до следната седмица.

За Мицкоски конфузен е и Законот за нефер трговски практики, кој треба да започне со примена од 28 септември. Според премиерот, ова законско решение нема да го донесе предвиденото намалување на цените во маркетите до 20 отсто, бидејќи пропишаните релации помеѓу добавувачите и трговците се збунувачки.

– Кога ќе ги видите соопштенијата од коморите, ќе видиме дека ситуацијата е збунувачки. Побарав став утрово од Стопанската комора да ни кажат што да направиме. Дали да останеме на законот или да го одложиме, кажа Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

НЕ НОСАТ ШЛЕМОВИ АМА ШИБААТ НА СИТЕ СТРАНИ Казнети 10.411

22/09/2026
Македонија

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ

22/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој

22/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две години за тешка кражба

22/09/2026

29-годишен жител на гостиварското село Топлица бил уапсен на скопскиот аеродром, каде што бил запрен при влез во државата. И.Ч.

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов со моторна пила до него

22/09/2026

60-годишен жител на гостиварското село Равен бил пронајден мртов на фудбалскиот стадион во селото, откако неговата сопруга пријавила дека не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy