Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Масовно да се гласа на осми мај и да се прати ДУИ во опозиција
Македонија

Мицкоски: Масовно да се гласа на осми мај и да се прати ДУИ во опозиција

26/04/2024

AA

Масовно да се гласа на осми мај и да се прати ДУИ во опозиција, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Росоман и Градско, во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

– Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор, до сега беа и во Владата и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија, рече Мицкоски.

Тој рече дека овие избори се шанса криминалците да се пратат во опозиција.

– И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија, додаде Мицкоски.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, на денешниот митинг во Росоман рече дека за откупот на праските планираат изнаоѓање нови пазари, што, како што рече, ќе донесат подобри цени, а се осврна и на поддршката за изградба на ладилници и стимулирање откупувачи, реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи. За тоа, додаде, се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки, некаде по стотини милиони евра.

– Понатаму, враќање на системот за субвенции што е правичен и што значи, според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја, каде огромни површини на земји ги земаат луѓе кои не се по потекло од општината во која добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ги подобрат состојбите,  истакна тој.

Николоски се осврна и на експресниот пат Прилеп-Градско и рече дека идната Влада, што според него, ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го заврши овој пат до 2027 година.

Во однос на проектите, Драган Ковачки, носител на ИЕ 3, на денешниот митинг во Градско, рече дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред, преку реализација на проектите од Платформата 1198.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го

31/10/2026
Македонија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните

31/10/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
Македонија

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се

31/10/2026
Македонија

Што навистина се случува во Полска? Криза меѓу претседателот и

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46478
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на

31/10/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите,

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го нарече „мумија” и „балсамиран лик“

31/10/2026

СДСМ под водство на Венко Филипче упати отворен напад врз својот прв претседател Бранко Црвенковски. Во партиско соопштение објавено на

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните инвестиции

31/10/2026

Над шест милиони евра преку различни владини програми се вложуваат во инфраструктурниот развој на Општина Кичево. Ова го истакна вицепремиерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy