Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Ниту сум бојкотирал, ниту, пак, ќе бојкотирам избори, на 8 мај ќе славиме во цела Македонија
Македонија

Пендаровски: Ниту сум бојкотирал, ниту, пак, ќе бојкотирам избори, на 8 мај ќе славиме во цела Македонија

26/04/2024

AA

Борбава и формално правно и политички почнува од нула како да немало прв круг. На 8 мај не само овде во Крушево ќе славиме и во цела Македонија, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средбите со жителите на Крушево.

Тој ги негираше обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

-Веројатно сте слушале вчера, денес од кога заврши првиот круг, нашиве политички противници коишто се уште се убедени дека ќе победат, нека живеат во тоа уверување, почнуваат да ги кажуваат овие муабети што ги зборуваат уште во првиот круг, ќе била разликата толку голема и ќе сме немале  никакви шанси да победиме затоа ќе сме бојкотирале. Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам, а кој сака нека бојкотира, рече Пендаровски

Посочи дека не бојкотирал ни во 2014 година, ни во 2019, ни 2016 година, а, како што кажа, нема да бојкотира избори ни оваа 2024 година.

-Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме. И во минатото и денес, крушевчани секогаш знаеле да донесат правилна одлука. Тоа го докажаа на првиот круг од претседателските избори. Знам дека и на 8 мај нивниот избор ќе биде бројот 1. Македонија заслужува натпартиски, претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, рече Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир

04/05/2026
Македонија

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на

04/05/2026
Македонија

Муцунски: Регионот и ЕУ бараат решение за летниот метеж на

04/05/2026
Македонија

Скопјанка пријавила сограѓанка која носела повредено новороденче!

04/05/2026
Македонија

Тетовчанка лажела маж од Косово дека е бремена, тој и

04/05/2026
Македонија

Осум часа по пожарот цело Скопје смрди на чад

04/05/2026
Македонија

Јаневска: Поништени дипломи на УКИМ и на Славјанскиот универзитет, случаите

04/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се

04/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир на повеќе возила

04/05/2026

Вечерва во скопската населба Аеродром, поточно пред трговскиот центар „Џевахир Мол“, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила.

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на Ромите

04/05/2026

Почина Рамуш Муарем – Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите, на 64-годишна возраст.

Муцунски: Регионот и ЕУ бараат решение за летниот метеж на границите

04/05/2026

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека земјите од регионот, во соработка со Европската Унија, активно работат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy