Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Македонија е жртва на класичен ЕУ-булинг, наместо за владеење на правото, преговараме за средниот век
Македонија

Мицкоски: Македонија е жртва на класичен ЕУ-булинг, наместо за владеење на правото, преговараме за средниот век

21/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики за пристапот на Европската Унија кон евроинтеграцискиот пат на државата, обвинувајќи за двојни стандарди и „булинг“ од страна на земјите-членки. Во своето обраќање, тој ги критикуваше и претходните политички гарнитури, нарекувајќи ги „мекотели“, додека за македонскиот народ порача дека низ историјата „никогаш не коленичел“.

Мицкоски направи паралела со хрватско-словенечкиот спор, потсетувајќи дека тогаш Европскиот Совет дозволил Хрватска прво да ги заврши преговорите и да влезе во ЕУ, па дури потоа на рамен терен, преку арбитража, да се бара билатерално решение.

Според него, ваквиот принцип не важи за Македонија.

Премиерот порача дека нацијата мора да биде мудра и да не носи избрзани одлуки под притисок. Тој директно ги обвини претходните политички гарнитури за актуелната незавидна состојба:

Мицкоски го нагласи апсурдот на преговарачката рамка, бидејќи наместо да се разговара за европски стандарди, фокусот е ставен на историски прашања од средниот век.

На крајот, тој порача дека македонскиот народ има своја вековна традиција и култура, секогаш бил на вистинската страна на историјата и ја бранел вратата на Европа.

Иако историски народот честопати бил на грб во востанијата, тој „никогаш не коленичел“ и неговото природно место, како и местото на државата, е токму во Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy