Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Барањето на ССМ е популистичко и неуставно, платите на функционерите ќе се кратат преку нови коефициенти
Македонија

Мицкоски: Барањето на ССМ е популистичко и неуставно, платите на функционерите ќе се кратат преку нови коефициенти

05/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски во емисија на МРТВ одговори на барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за итно намалување на функционерските плати, оценувајќи ги како политикантство кое веќе еднаш паднало пред Уставниот суд. Наместо инстант решенија кои би биле поништени, премиерот ја презентираше стратегијата на Владата за постепено и законско враќање на платите на избраните и именуваните лица на претходното ниво.

Мицкоски потсети дека секој обид за ваков тип интервенција во минатото бил прогласен за противуставен од страна на Уставниот суд. Според него, предлогот на ССМ е полн со политикантство и најмалку ги штити интересите на самите работници.

„Ова што се предлага е неуставно и веќе е докажано во минатото. Нашата стратегија е единствениот уставен пат – преку законски измени на коефициентите да го спречиме натамошниот раст на платите и постепено да ги вратиме на нивото пред одлуката за зголемување од 78%“, изјави Мицкоски.

Планот на Владата е до крајот на мандатот во 2028 година, преку систематско намалување на бодовите и коефициентите, да се дојде до изедначување на примањата со состојбата која постоеше пред контроверзната одлука на Уставниот суд донесена за време на претходната власт.

„Целта е на законит и уставен начин да ја исправиме таа одлука за зголемување од 78%, која беше донесена во времето на претходната влада. Сакаме решение кое ќе опстане и кое нема повторно да биде поништено од судовите“, дециден е премиерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy