Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Јас побарав да се стопира ИПАРД, истражуваме злоупотреби и од минатото
Македонија

Мицкоски: Јас побарав да се стопира ИПАРД, истражуваме злоупотреби и од минатото

11/11/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој лично побарал од Министерството за финансии да ја стопира исплатата на парите од ИПАРД. Причината, како што наведе, е да се истражат сите злоупотреби, бидејќи постоеле сомнежи дека тие не се случувале само сега, туку и во минатото. На прашањето дали ЕУ ги блокирала парите, премиерот рече дека тие не се блокирани, туку дека акцијата е поздравена како позитивна од страна на Европската комисија.

„Да, јас тоа го побарав затоа што мораме да видиме до каде одат злоупотребите, затоа што првичните информации велат дека не е тоа само од сега и наназад е правено. Така што се ќе истражиме. Се ќе истражиме и секој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е“, изјави Мицкоски.

Оваа изјава на премиерот доаѓа по обвинувањата од СДСМ, од каде тврдат дека штетите врз земјоделците по суспензијата на ИПАРД се огромни. Тие побараа власта да ги објави бројките и да го разреши министерот (за земјоделство) Трипуновски. Портпаролката Богданка Кузеска изјави дека ваквите суспензии може да траат две до три години и оти е прашање дали програмата воопшто ќе продолжи.

„Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој избегнува одговорност пред јавноста“, рече Кузеска. Таа додаде дека суспендираните средства се 50% грант, додека 50% земјоделците сами ги обезбедуваат за секој проект.

Во меѓувреме, од Канцеларијата на ЕУ во земјава излегоа со став кој ја потврдува верзијата на премиерот – дека одлуката е донесена од домашните власти. Делегацијата на ЕУ соопшти дека „ја поздравува одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД III додека не се разјаснат околностите“.

Сепак, од ЕУ додаваат дека побарале дополнителни информации од институциите и оти „ја задржуваат можноста да преземат превентивни мерки за заштита на финансиските интереси на ЕУ“. Тие очекуваат институциите од Северна МакедоMакедонија да постапуваат со „целосна сериозност“ по ова прашање.

Суспензијата следува по корупцискиот скандал во кој актуелниот директор на Платежната агенција, Илија Стоилев, беше фатен како прима поткуп од 400 евра, што била прва рата од ветени 50 илјади евра. Парите, наводно, му ги понудил поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, кој сега е сопственик на агро-фирма во Струга. Стоилев и Насуфи завршија во притвор заедно со уште двајца осомничени, додека петтото осомничено лице е во куќен притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42207
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk упати остри критики кон актуелната влада,

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

03/03/2026

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека е прерано да се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy