Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицевски: Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни, никогаш нема да ги поддржиме
Македонија

Мицевски: Уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни, никогаш нема да ги поддржиме

25/07/2023

AA

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на седницата на Комисијата за уставни прашања истакна дека уставни измени под диктат, притисок и наметнувања се невозможни и никогаш нема да ги поддржат, затоа што тоа е директно кршење на суверенитетот на една земја.

„Суверенитетот произлегува од народот, а огромно мнозинство од народот над 80% вели НЕ на ваков начин на насилство од страна на власта. За жал трагичната вистина видлива и денес пред целата македонска јавност е дека ние имаме глува и слепа власт, која за ден повеќе во фотелја, за тапшање по рамо, за комшијата да и поклонува луксузни коли, фарми за канабис, фотоволтаици или бесплатни трговски центри – е спремна да прави отстапка по отстапка до целосно обезличување и рушење на националните и државни интереси. Оваа влада има еден клучен проблем, а тоа е да води инат и со опозицијата и со народот и со експертите. Ни ал ни абер има од градење на консензус по виталните национални прашања, туку сите работи ги води до степен на свршен чин, презема обврски без да се бори за интересот на својот народ, презема штетни  договори, кои после бара сите да ги прифатат. Тоа е недозволиво, тоа е лузерска политика која не носи никаков бенефит. Напротив носи штети и трајни катастрофални последици“, вели Мицевски.

Тој додава дека како салама ги сецкаат и после тоа ни го прикажуваат како успех.

„Да потсетиме дека и во 2017-та и целото ова време како партија предупредувавме дека договорот за добрососедство е брзоплето решение кое носи отровни плодови кои сега ги гледаме. Но и тогаш оваа самобендисана власт на СДС и ДУИ и сега одбива да се соочи со реалноста. Тогаш тврдеа дека ги затвораат прашањата со соседите, а нивните политики донесоа ескалација на омразата и официјални државни документи од Бугарија во кои комплетно се негира самобитноста и историјата на Македонија и македонскиот народ пред 1945 година. Наместо добрососедство, донесоа омраза. Наместо соработка, донесоа понижувања. Наместо пријателство, донесоа уцени и закани. Наместо да послушаат што  предупредувавме, без борба ја предадоа Македонија“, додаде Мицевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy