
Метео аларм низ Македонија: Ќе има обилни врнежи од дожд и снег!
Управата за хидрометеоролошки работи упати метео аларм за денеска.
Како што велат, ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²).
На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.

