Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите – и прав да сте, крив ќе излезете“, вели Николоски за македонското судство
Македонија

„Ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите – и прав да сте, крив ќе излезете“, вели Николоски за македонското судство

28/11/2025

AA

„Бараат пари за поголеми плати и буџети, а не работат, не можат сами да се реформираат и не испорачуваат резултати“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само интервју” на ТВ Канал 5, зборувајќи за состојбите во македонското судство и обвинителство.

Коментирајќи ги забелешките за работата на судските органи, тој вели дека видни се притисоците од меѓународниот фактор, иако судството не покажува никакви резултати.

„Излезете надвор од Скопје и најубавите куќи се на цариник, судија и обвинител и ако не го знаете вистинскиот адвокат и немате да платите, не дај Боже и прав да сте, крив излегувате. Законите се добри, проблем е што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат, најчесто им е да удрат некој бизнисмен. За жал на тоа се сведе судството и Обвинителството во Македонија“, рече Николоски.

Во однос на барањето за повисоки плати во правосудниот систем, Николоски посочи дека платите на судиите и обвинителите и сега се високи и дека проблем не се примањата, туку тоа што судиите и обвинителите не испорачуваат.

“Еве теоретски ќе ги зголемиме и платите, ќе се сменат работите? Исто ќе е! Мали им се сега платите? Повисоки плати имаат и од министри и од премиер, и од претседател на држава. Се сеќавате дека Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%, и ние донесовме принципиелен став дека од ова нивно повеќе платите нема да растат и ги намаливме коефициентите, но еве тоа за судиите и обвинителите не требало да важи. Проблемот во државава не се платите на судиите и обвинителите, проблемот е дека не испорачуваат”, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски потенцираше дека целта на Владата е судството и Обвинителството да бидат независни, но се додека довербата во правосудниот систем е олку ниско ниво и се додека тоа е проблем кој го посочува секој еден граѓанин, Владата нема да остане нема на состојбите. 

Во однос на условите за работа во судовите и обвинителствата, Николоски направи компарација за тоа како постапуваа судиите и обвинителите кон ВМРО-ДПМНЕ, а како денеска постапуваат или не постапуваат кон претходната владеачка гарнитура.

„Дали имаа основни услови за работа за да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ? Очигледно имаа, затоа што ние сме единствената владеачка партија во Европа, која што има замрзнат имот. Дали можат со истите услови, кои што ги имале да му го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ, барем да го испитаат имотот на СДСМ и ДУИ? И да им се даде се’ што бараат, ќе излеземе идната година пак, за истиот проблем ќе зборуваме. Тие бараат само плус пари за плати, а сите останати трошоци да останат на сметка на државата. Суд нов да се изгради во државата, треба Владата да го плати“, – додаде Николоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy