Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мерко во завршните зборови ја бранеше обвинетата директорка на училиште
Магазин

Мерко во завршните зборови ја бранеше обвинетата директорка на училиште

07/10/2025

AA

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга даде завршни зборови во случајот со незаконското поставување директор во основното училиште „Зини Хани“, предмет во кој се води постапка и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во тоа училиште, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа.

Тој смета дека Егзона не треба да биде обвинета, бидејќи, според него, таа како апсолвент правела жртва да помогне во процесот на образованието и децата да не останат без професор по француски јазик.

– Јас чуствувам должност, ако треба јас ќе сносам секаква одговорност, но Егзона треба да се ослободи, рече Мерко во завршните зборови, потенцирајќи дека на првообвинетата Шеј материјалната страна не и била во интерес, туку се жртвувала себеси во млади години да предава во едно основно училиште каде што немало друг избор. 

Во однос на поставувањето в.д. директори, за што, како што подвлече Мерко, една година е во судница, тврди дека немало друг избор, за да може во сите 12 основни и 25 подрачни училишта непречено да се одржува настава. Доколку, нагласи тој, во едно училиште немало директор и кој да потпише плата, тогаш вработените во сите училишта ќе останеле без пари, а со тоа ќе дошло до прекин на наставата.

Јавниот обвинител Џемал Лога побара обвинетите да бидат прогласени за виновни и бара ефективна казна затвор за Мерко за незаконското поставување директори во училиштето во Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга, бидејќи, како што рече, во континуитет го продолжувал истото дело, иако бил свесен дека може да избере в.д. директор од редот на вработените, а не некој што не исполнува услови. 

Тој посочи дека покрај со материјалните докази обвинението било поткрепено и со вербални докази.

– Не верувам дека овој пат казната ќе биде парична, затоа што неможе два пати иста пресуда да се донесе, изјави Лога, подвлекувајќи дека без разлика дали судот ќе одлучи за парична или условна казна Обвинителството ќе ја обжали одлуката.

Адвокатот на Шеј, Димитрија Цобоски на судот му предложи неговиот клиент да биде ослободен од кривичното дело фалсификување исправа, бидејќи, според него, застапникот на обвинението не успеал да ја докаже основаноста на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството поднесува обвинение за употреба лажна исправа, а оти нема постапка за лицата кои ги издале тие потврди за кривично дело фалсификување исправа.

Одбраната на Мерко, адвокатот Игор Петковски во завршните зборови кажа дека нема оштетен во предметот, ниту е пријавено оштетено побарување, кое, според него, е суштински елемент за постоењето на кривичното дело, несовесно вршење на службата, како во случајот.

Тој претходно од Судот побара спојување на предметите за незаконското поставување директори во училишта со најновото обвинение против Мерко за осветлување на дел од речното корито на Црн  Дрим, што беше одбиено од страна на кривичниот совет.

Судечкиот судија Јордан Јованов за в понеделник најави пресуда за двата предмети за незаконско поставување директори во училиштето во Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy