Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите!
Македонија

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите!

07/10/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината во Валандово упати силен повик за масовна излезност на изборите на 19. октомври, нагласувајќи дека ова не е само изборна битка, туку борба за иднината на државата и за заштита на достоинството на сите граѓани.

„На 19 октомври, овде во Валандово треба да се потврди дека политиката е алатка за подобар живот, а не сцена за пропаганда. Валандово во оваа слика е важна точка на отпор и надеж“, порача Филипче. 

Филипче предупреди дека актуелната власт води политика на заборав и занемарување на граѓаните. „Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла и го води во неизвесност. Животниот стандард паѓа, цените се стигнати до плафон, а платите не растат.“

Тој ги повика граѓаните, разочараните, сите кои се повлекле од политичкиот процес, повторно да се вклучат:

„Да ја обединиме силата на разочараните од оваа ненародна власт. Да ги повикаме сите што се повлекоа, повторно да ни се вклучат. На 19 октомври, Валандово може да испрати порака што ќе одекне во целата држава. Порака дека борбата за Македонија продолжува. Да ја зачуваме Македонија како дом за сите. Изберете број 5 за да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, а сега гледаме како овие на власт ја рушат. Да ја зачуваме Македонија како дом за сите“, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy