Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја
Македонија

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја

11/04/2023

AA

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја, покажува најновиот ревизорски извештај. Пред стартот на енергетската криза, за потребите на овие трговци, преносниот систем  влечел струја од  Европската мрежа. За количините, 4 компании од Мепсо добиле фактура во висина од 15 милиони евра. Наместо да ги наплатат, истите со одлука на Управниот одбор во компанијата, биле отпишани. Овој износ МЕПСО го книжи како трошок на компанијата, кој потоа го пријавува во Регулаторната комисија на енергетика. Според ревизијата ваквиот трошок има влијание и во утврдување на крајната цена за електрична  енергија, која ја плаќаат домаќинствата. Од отпишаниот долг во март година МЕПСО успева да наплати само мал дел, објави Телма.

За целосно да се покријат потребите од струја, во 2021 година МЕПСО од европската мрежа извлечена е електирчна енергија во вредност од 68,5 милиони евра, пет пати повеќе од претходната година. Дел од струјата била за ЕСМ која не успеала целосно да го реализира својот план за производство.

Телма претходно пишуваше дека три фирми трговци со струја, на МЕПСО му должат милиони за баласнираната енергија, „У Повер“,  компанија на синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, „Енергија гас и Повер“,  и „Мист Енерџи“. Овие фирми добија и забрана да тргуваат со струја. Но, некои најдоа начин, го променија името и се вратија во игра. Тоа се случи со Мист Енерџи. Компанијата го промени своето име во „Мист Енерџи Еко ДОЕЛ“,  и се  врати на пазарот со електрична енергија. МЕПСО мака мачи да ги врати милионите од овие фирми во касата на компанијата. Според последните  информациите, нивните сметки се блокирани, приливи нема, со месеци не е извлечено ниту евро од нив.

Државната ревизија открива дека раководителите во МЕПСО (директорите и членови на Управниот и надзорен одбор) имале менаџерски договори за да земаат отпремнина во висина од 12-месечни нето  плати на ниво на компанијата,  по заминување од функцијата. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021-ва и добиле како оштета над 37 илјади евра.

Извор: Телма

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy