Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и врати го СДСМ на нозе, му порача ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и врати го СДСМ на нозе, му порача ВМРО-ДПМНЕ

13/04/2026

AA

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите и да го стави СДСМ на нозе, бидејќи „нема луксуз да губи време со избори во други држави“.

„Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки. Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски. Еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака. Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува заработка во висина од околу 200 милиони евра. Филипче, сега, како чувар на фотелјата на Заев во СДС е должен да одговори, дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Дака, инаку, е на црната листа на САД“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, приоритет број еден на Филипче треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДСМ да застане на свои нозе.

„А, СДС, токму тој го втурна во жива кал и сега оди само надолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои паријата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта. Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се каже дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред сѐ важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните. Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44973
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy