Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на коридорите
Македонија

И Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на коридорите

11/04/2023

AA

И политичката партија Левица ќе поднесе амандмани на предлог-законите поврзани со изградбата на Коридоте 8 и 10д, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на партијата Борислав Крмов. Посочи дека не може да ја открие бројката на амандмани кои ќе ги поднесат оти, како што рече, нивниот правен сектор работи на подготвувањето на амандманите.

-По наши информации ќе се обидат да ни ги узурпираат амандманите со тоа што планираме да ги поднесеме и да ја туркаат говорницата на сила, може ќе пробаат да ни одземат збор иако деловнички не смеат. Јас моето уставно право како пратеник ќе го бранам макар и физички. Не би сакал бројката да ја откријам. Во моментов уште се работи на случајот. Нашиот правен сектор во моментов работи, кога ќе бидат сите амандмани готови јас ќе ви дадам информација, рече Крмов.

Крмов рече дека Владата сака да протне 60 часа работна недела откако Уставен Суд ја укина одредбата.

– Денес на комисиска расправа се ставени скандалозните предлог-измените на Законот со работни односи, со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат и до 60 часа неделно. Овој предлог-закон е дел од осумте закони со кои се фаворизира контроверзната компанија „Бехтел и Енка“, која ја следат низа корумпирани скандали во регионот. Токму Уставниот Суд минатата година го укина членот 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфструктурниот Коридор 8, во кој се предвидуваше можност за 60 часовна работна недела, рече Крмов.

Тој потенцира дека ако нешто помине, тоа ќе помине затоа што најголемата опозициска партија сака да помине.

-Ние со два пратеника и со тие ограничени ресурси кои ги имаме ќе дадеме се од себе да ова да го спречиме со сите расположливи средства коишто ни остануваат а располагање. Во сите комисии власта има мнозинство, а и да е претседател од опозицијата, во сите комисии власта има мнозинство. По наши информации ќе се обидат да ни ги узурпираат амандманите со тоа што планираме да ги поднесеме и да ја туркаат говорницата на сила, може ќе пробаат да ни одземат збор иако деловнички не смеат. Јас мое уставно право како пратеник ќе го бранам макар и физички. Левица со два пратеника и со ограничени ресурси може волку. ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеника. Ако ВМРО -ДПМНЕ реши да не помине, нема да помине, рече Крмов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy