Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

AA

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер Виктор Орбан. Филипче го оцени овој настан како победа на демократијата и најави дека падот на автократските режими ќе има директно влијание врз политичката сцена во Македонија и регионот.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека Унгарија вечерва кажала „ДОСТА Е“, потсетувајќи дека СДСМ со месеци наназад го најавувала ваквото сценарио. Тој директно го поврза поразот на Орбан со владејачката ВМРО-ДПМНЕ и статусот на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации“, дециден е Филипче.

Тој го поздрави и најавениот потег на новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, за длабока реформа на медиумскиот сектор во Унгарија, кој долги години беше под силно влијание на Орбан.

Лидерот на СДСМ смета дека изборите во Унгарија се почеток на домино-ефект кој ќе ги зафати останатите, како што вели, автократски режими во регионот.

„Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски“, порача Филипче, најавувајќи враќање на опозицијата на власт.

На крајот од својата објава, Филипче испрати оптимистичка порака за европската иднина на државата, нагласувајќи дека „време е за демократија“ и дека СДСМ ќе ја врати моќта кај граѓаните, а со тоа и Македонија на нејзиниот европски пат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44973
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy