Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МЕ РАЗБУДИ, МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕ КУЌАТА И ДЕКА ГРАДОТ Е УНИШТЕН“: Застрашувачки земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Сараево и Белград
Регион

„МЕ РАЗБУДИ, МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СЕ УРНЕ КУЌАТА И ДЕКА ГРАДОТ Е УНИШТЕН“: Застрашувачки земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Сараево и Белград

14/03/2024

AA

Градоначалникот на општина Билеќа,Веселин Вујовиќ,  рече дека него и неговите сограѓани синоќа ги разбудил силен земјотрес чиј епицентар бил во Црна Гора, а како што вели ситуацијата била таква што сите имале чувство дека ќе им се урнат куќите.

„Земјотресот што утрово беше почувствуван овде во Билеќа беше исклучително силен. Со оглед на самото чувство на јачината на земјотресот, мислев дека се уништени многу работи во градот. Но, овде, за среќа, нема поголеми видливи штети. Луѓето се уште се на терен, ги посетуваме јавните институции, ќе почекаме да видиме дали луѓето ќе пријават штета. Засега не знаеме дали ќе има такви пријави. Но вака, визуелно на прв поглед, минавме доста добро“, изјави Вујовиќ за „Независне новине“.

Тој вели дека спиел во моментот кога почнал земјотресот.

„Ме разбуди. Силно се стресе. Имав чувство дека ќе се урне куќата. Но, важно е да нема паника меѓу населението. Луѓето беа малку исплашени на почетокот“, рече Вујовиќ.

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во 4 часот и 6 минути, што беше почувствуван и во Сараево и во Белград.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy