Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зет на Заев бришел подружници додека му трае спорот со корнишоните
Економија

Зет на Заев бришел подружници додека му трае спорот со корнишоните

14/03/2024

AA

Отворен е стечај за „Дена продукт“ фирмата за корнишони  на зетот за братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев, Атанас Костов, кој претходно го сменил името на фирмата и се обидел да ги избрише подружниците.

Во текот на септември минатата година австрискиот амбасадор алармираше дека „Дена Продукт“ не го испочитувал договорот за есклузивен извоз со австриската АММА. Со договорот и се овозможило на македонската компанија финансиска поддршка преку авансно плаќање, по што следуваше тужба од АММА за оштета од 4 милиони евра.

Пред крајот на минатата година Костов ја преименувал „Дена продукт“ во „Феникс Аграр. Седиштето на фирмата го преместил од Велес во Аеродром, Скопје. Подружниците како оранжеријата во Богданци, откупниот центар за овошје и зеленчук и магацинот за хемиски производи во Василево, биле избришани.

На 16 февруари Костов по уважена жалба добил решение да го врати стариот статус на фирмата – името,седиштето и подружниците. Во меѓувреме на 6 февруари е започната постапка за отворање на стечај, која завршила со одлука на судот на 28 февруари. Основниот граѓански суд Скопје во овој период за стечаен управник го одредил Драги Димовски од Струмица.

На телефонскиот повик Димовски не одговори колкава е стечајната маса на „Дена Продукт“ и рече дека е зафатен во моментот.

– Тоа што биле бришени подружниците на „Дена Продукт“ нема никаква врска со стечајната маса на фирмата, ни рече кратко стечајниот управител.

Според претходни медиумски информации, Судот во Велес на барање на Обвинителството донел решение на 12 февруари да му се забрани на Костов и „Дена продукт“ да го оттуѓуваат имотот.  За адвокатот на АММА, промената на називот и локацијата биле однапред планирани и се обид за прикривање од доверителите. 

Поранешниот амбасадор на Австрија, Георг Вуцас во јуни 2023 година ја актуелизираше темата за австриската фирма АММА и спорот кој го има со „Дена Продукт“. Упати директни критики кон македонските судови поради неможноста на австриската компанија да ја наплати отштетата, барајќи смена на судии и јавни обвинители.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy