ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за сите градови во Македонија
Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 22 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 степени во Берово до 11 степени во Гевгелија, додека дневните ќе бидат во интервал од 15 степени во Маврово до 22 степени во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 6 до 20 степени.
Во недела се очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат од 6 до 12 степени, а максималните дневни ќе се движат од 17 до 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, на почетокот на следната недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и на некои места ќе надминува 50 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 16 до 23 степени.
.
Извор: plusinfo.mk