Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мејлови поврзани со Епштајн откриваат: Мозочни примероци од Македонија користени во истражување за нов лек
Македонија

Мејлови поврзани со Епштајн откриваат: Мозочни примероци од Македонија користени во истражување за нов лек

02/02/2026

AA

Името на Македонија се појавува во дел од електронската преписка поврзана со Џефри Епштајн, која изминатиот период повторно привлече големо внимание во јавноста. Во објавените мејлови, земјата се споменува во контекст на научно истражување поврзано со проучување на човечки мозоци и развој на потенцијален лек за психијатриски состојби.

Во една од пораките, испратена до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано, се опишува истражувачки проект кој вклучувал собирање и анализа на човечки мозочни примероци. Според содржината на мејлот, примероците најпрво биле обработувани на Универзитетот во Питсбург, а потоа, од 1994 година, и на Универзитетот „Колумбија“. Во пораката се наведува дека биле собрани околу 1.000 човечки мозоци, меѓу кои и од жртви на самоубиство и контролни примероци, складирани во замрзнувачи на температура од –112°F.

Во истиот мејл се наведува дека Македонија била извор на најновите мозочни примероци, благодарение на член на факултетот на Универзитетот „Колумбија“ со потекло од земјата, кој помогнал во организацијата. Според описот, мозоците биле замрзнувани веднаш по нивното отстранување и транспортирани под надзор до САД, каде биле складирани во специјални контејнери и обележани со идентификациски кодови. Пораката била придружена со материјал и анализа од „Блумберг“, што укажува дека истражувањето било презентирано и како потенцијална научна и бизнис-можност, најверојатно со цел привлекување инвестиции.

Иако во мејлот не се споменуваат конкретни македонски институции или поединци, ваквото спомнување на земјата отвори прашања за начинот на прибирање и користење на човечки биолошки материјал, како и за етичките и правните аспекти на ваквите истражувања.

Јавно достапни научни податоци покажуваат дека во Македонија навистина постоела долгорочна научна соработка со американски институции во оваа област. На официјалната страница на Националната библиотека за медицина на САД е објавен научен труд подготвен од Македонската академија на науките и уметностите – Оддел за медицина, депониран како авторски ракопис со слободен пристап во јули 2014 година. Трудот, со наслов „Psychiatric brain collection in Macedonia: General lessons for scientific collaboration among countries of differing wealth“, првично бил објавен во 2013 година во списанието Prilozi.

Во документот се опишува речиси дваесетгодишна соработка меѓу Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и Институтот за судска медицина во Скопје, започната во 1996 година. Целта била проучување на мозочни промени кај шизофренија, а подоцна и кај други психијатриски нарушувања, вклучително и нарушувања на расположението и случаи на самоубиство. Македонија била избрана поради високата стапка на обдукции, краткиот постмортем интервал и достапниот стручен кадар, додека американските институции обезбедувале напредна технологија и лабораториска инфраструктура.

Според трудот, мозочните примероци потекнувале од обдукции на психијатриски пациенти и биле обработувани преку Институтот за судска медицина во Скопје. Годишно се собирале меѓу 25 и 75 мозоци, со просечен постмортем интервал од околу 13 часа. Дел од ткивото се замрзнувало, а дел се фиксирал за понатамошни анализи, при што се водела и детална клиничка документација.

Авторите наведуваат дека ваквата соработка овозможила значаен методолошки напредок, меѓу кои и развој на нова техника за Голџи-боење на човечки неврони. Материјалите и податоците од Македонија биле користени во вкупно 39 финансирани научни проекти во САД, Канада и Македонија, а како резултат на проектот биле развиени и нови лабораториски капацитети во земјава.

Во трудот се наведуваат и предизвиците на соработката, како административни бариери и ризик од „научен колонијализам“, кои, според авторите, биле надминати преку транспарентност и примена на меѓународни етички стандарди. Посебно е истакната улогата на професорот Горазд Росоклија од Универзитетот „Колумбија“, со потекло од Македонија, како и на тогашниот директор на Институтот за судска медицина во Скопје, Алексеј Дума.

Во заклучокот, авторите потенцираат дека ваквите меѓународни проекти треба да придонесуваат за развој на локалниот научен капацитет, а не само за користење на ресурси. Документот, кој е јавно достапен, претставува писмен доказ за улогата на Македонија во меѓународната научна соработка во областа на психијатријата и невропатологијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy