Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со протест и штрајк
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со протест и штрајк

22/09/2026

AA

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана Манев, поради тоа што со години биле изложени на навреди, притисоци и недолично однесување од нејзина страна.

Синдикатот на УПОЗ бара Судскиот совет итно да постапи по оваа претставка, а институциите да ги испитаат сите наводи и да ги заштитат вработените во Основниот суд во Куманово.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска на прес конференција рече дека од вкупно 90 вработени во судската администрација на кумановскиот суд, 75 ја потпишале претставката против претседателката. Дел од вработените за време на паузата излегле пред судот за да го изразат незадоволството од условите и атмосферата во која работат.

Деаноски рече дека до Судскиот совет и до Министерството за правда повеќепати биле доставувани претставки, но оти досега немало соодветна реакција. Тој рече дека при посетата на двајца претставници на Судскиот совет, наместо да се разгледуваат наводите од претставките, вработените поединечно биле повикувани да потврдат дали потписите на документот се нивни.

Деаноски изнесе сериозни обвинувања за однесувањето на претседателката, наведувајќи дека вработените биле навредувани и по лична, верска и национална основа. Тој цитираше низа навреди и закани кои, според него, биле упатувани кон вработените, меѓу кои и: „говеда“, „џукели“, „глупи сте“, како и закани дека ќе бидат ставени „под нозе“ или дека „ќе бидат запалени“.

Според Деаноски, дел од овие навреди биле упатувани и пред странки и граѓани. Тој се повика и на извештај на Судскиот совет од 2023 година, за кој рече дека констатирал нарушени меѓучовечки односи во Основниот суд во Куманово.

Од УПОЗ најавија дека доколку во рок од осум дена не биде преземено нешто конкретно, ќе организираат протести, а не ја исклучуваат можноста за штрајк.

Претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, ги отфрла обвинувањата. Таа денеска не била на работа, а новинарите ги примил нејзиниот заменик Неџат Мемети, кој доставил нејзиното писмено соопштение до медиумите. Во него Манев тврди дека наводите за незаконско и недолично однесување кон вработените се „потполно неточни и невистинити“.

„Наводите за вршење притисок од моја страна кон вработените се неточни, невистинити, паушални и апстрактни, бидејќи во истите дури не е наведен ниту еден конкретен случај, кога и кон кого бил извршен наводниот притисок“, наведува Манев.

Според претседателката, протестот бил организиран од судскиот администратор, претседателот на синдикатот, еден службеник и неколкумина вработени. Како повод за протестот таа ја посочува дисциплинската постапка против судскиот администратор поради, како што наведува, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи.

Манев истакнува дека поради намалувањето на бројот на вработени во судот се врши реорганизација и поголемо ангажирање на постојниот кадар. Таа тврди дека дел од вработените, поддржани од судскиот администратор, одбивале да ги извршуваат дадените задачи. Во соопштението се наведуваат и забелешки во врска со користењето на годишни одмори, продолжени боледувања и неоправдани отсуства, за кои, според Манев, имало поплаки од странки.

„Јас раководам со судот во целина и имам обврска истиот да функционира пред сè за добро и во корист на граѓаните. Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и максимално ангажирани при извршување на своите работни задачи. Јас како судија и претседател на судот не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, пишува во соопштението на Манев.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45995
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен викенд

05/10/2026

Утрото во вторник, 6 октомври, ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy