
Маск успеа – Америка му дозволи
Американската федерална управа за авијација (FAA) му даде дозвола на SpaceX на Илон Маск да ја лансира својата ракета Starship во орбитата за прв пат.
„По сеопфатен процес на евалуација на лиценцата, FAA утврди дека SpaceX ги исполнил сите безбедносни, еколошки, регулаторни, финансиски и други барања“, соопшти FAA во петокот.
Лиценцата важи пет години.

