Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Машиновозачите во Германија ќе штрајкуваат 6 дена: Од утре железничкиот сообраќај ќе биде парализиран
Македонија

Машиновозачите во Германија ќе штрајкуваат 6 дена: Од утре железничкиот сообраќај ќе биде парализиран

22/01/2024

AA

Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ повика на најдолг штрајк досега за време на тековните преговори за колективно договарање, кои треба да започнат утре. Планирано е штрајкот да трае цели шест дена и целосно да го парализира железничкиот сообраќај во Германија.

„И последната понуда од Германски железници (ДБ) покажува дека раководството нема намера позитивно да ги заврши овие преговори, туку да истрае во конфликтот“, изјави директорот на синдикатот ГДЛ, Клаус Везелски.

Машиновозачите на некои приватни компании нема да штрајкуваат

Штрајкот на товарниот сообраќај треба да започне утре во 18 часот, а планот е штрајкот да се прошири и на патничкиот сообраќај ноќта вторник кон среда и да трае до понеделник навечер.

Според Index.hr, во штрајкот нема да учествуваат машиновозачите на одредени приватни компании кои работат во регионален сообраќај, но со оглед на тоа што во штрајкот се вклучени и работниците во инфраструктурата на ДБ, штрајкот може да го парализира целиот железнички сообраќај.

Раководството на ДБ остро го критикуваше потегот на ГДЛ и најави дека ќе се обиде да го забрани штрајкот преку суд.

„ДБ прави напори да постигне компромис, додека ГДЛ целосно непотребно го ескалира конфликтот на сметка на патниците“, вели ДБ.

Министерот: Конфликтот меѓу ДБ и ГДЛ добива деструктивни размери

Министерот за транспорт Волкер Визинг рече дека конфликтот меѓу ДБ и ГДЛ достигнува „погубни размери“.

„Не сум сигурен дека господинот Везелски си прави услуга на себе и на синдикатот со овој потег“, посочи Висинг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски ѝ одговори на бугарската министерка: Македонците се Македонци, тоа

11/05/2026
Македонија

Муцунски имал само „кратка размена на зборови“ со бугарската колешка

11/05/2026
Македонија

ДИК одобри над 107 милиони денари за изборните органи во

11/05/2026
Македонија

Внимавајте: Метео аларм за силен ветер, можни удари над 80

11/05/2026
Македонија

Д-р Сања Пановска доби признание на фестивалот „Јаков од Камена

11/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

11/05/2026
Македонија

ДКСК се поднови, Катерина Зајковска е новата антикорупционерка

11/05/2026
Македонија

Ана Дангова Хуг предложена за судија во Стразбур со едногласна

11/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy