Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ за МИА од Брисел: Проширување на ЕУ е високо на агендата на белгиското претседателство
Македонија

Маричиќ за МИА од Брисел: Проширување на ЕУ е високо на агендата на белгиското претседателство

13/02/2024

AA

Белгиското претседателство со Советот на ЕУ дава поддршка на се она што го прави Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, изјави за МИА првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба во Брисел со министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија на Белгија, Хаџа Лабиб, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Од страна на белгиската министерка добивме уверување дека темата проширување е високо на агендата на белгиското претседателство, дека сите прашања поврзани со Западен Балкан и со проширувањето ќе се најдат на дневниот ред во овие шест месеци, ќе се дискутираат и патоказите коишто ги доставивме и коишто треба да ги комплетираме во овој период, а ќе се дискутираат и прашањата поврзани со Планот за раст, истакна Маричиќ.

Тој посочи дека на средбата укажал при тоа треба да се внимава на сите аспекти, вклучувајќи ги и доследно следење на текстот на Преговарачката рамка од јули 2022 година, како и заклучоците на Советот на министри на ЕУ.

Лабиб се интересирала и за политичката состојба во земјата и за активностите поврзани со реформскиот план и за тоа што во овој период можеме да спроведеме од реформите.

– Ние кажавме дека ќе го направиме се она што може во услови на техничка Влада, вклучувајќи го и утврдувањето или финализирањето на реформскиот план врзан со Планот за раст, но дека по одлуката на граѓаните по изборите, ќе работиме поинтензивно на тоа. По формирањето на следната Влада, а јас сум сигурен дека тоа ќе биде во ова мнозинство, таа ќе треба да работи интензивно на европските интеграции и на реформите и на уставните измени, додаде Маричиќ.

Покрај со Лабиб, Маричиќ се сретна и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската службата за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец, а попладнево ќе има средби и со раководителот на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со дипломатскиот советник на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел за надворешна политика, Симон Мордју.

Тој во изјавата истакна дека намерата е на овие средби да се добијат информации за настаните пред европските избори во јуни и последни месеци од мандатот на актуелните институции на ЕУ, но и да се укаже на сите случувања кај нас и на процесот на подготовка на изборите.

– Наша цел е да пратиме јасна порака дека Северна Македонија останува на европскиот пат, дека работиме и во услови на техничка Влада на исполнување на сите обврски коишто се врзани со тоа и дека ни е потребна натамошна и силна поддршка од европските институции, од Брисел и од државите членки, изјави Маричиќ, додавајќи дека во тој правец ќе биде и посетата на Брисел на претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои заедно со него ќе имаат средби со челниците на НАТО и на Европската Унија.

Во однос на законските измени со кои се продолжи важноста на возачките дозволи во земјава и можната евентуална грчка реакција на тоа, Маричиќ истакна дека Владата се обидувала да најде решение во интерес на граѓаните, а при тоа да не се доведеме во нов спор со Грција.

– Ние постапувавме внимателно во овој период и навистина не беше лесно да се изменаџира ситуација во која што нема да влеземе во прекршување на Преспанскиот договор од една страна, а од друга страна граѓаните ќе ги добијат своите документи коишто им следуваат и коишто им се важни за нормално секојдневно функционирање. Вчерашното изгласување на Законот само им олесни на граѓаните да не бидат под притисок дека мора во овој период да се менуваат и возачките дозволи за користење во државата, рече Маричиќ.

Тој посочи дека пред извесен период Владата предложила да се продолжи и важноста на личните карти, но дека ВМРО-ДПМНЕ го блокираше тој закон во Собранието. Според него, целта е граѓаните што побргу да ги имаат сите документи и да можат слободно да ги користат и да патуваат надвор од државата, затоа што кај нас нема никој да им прави проблем.

– Знам дека не е едноставно ниту за актуелниот министер, ниту претходно, но сите треба да вложиме напори за да профункционира овој систем. Тоа им го должиме на граѓаните. Ние како владејачко мнозинство сме биле спремни секогаш и први реагиравме со предлогот којшто беше усвоен во Собранието, додаде Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46878
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил дека карпите се кршливи и

22/11/2026

Повредениот алпинист е инструктор од Србија кој паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија и се здобил со тешки

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им рекол на македонските делегати дека

22/11/2026

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонска црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле на обука, завршиле во вистинска

22/11/2026

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy