Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ за „Гласот на Америка“: Време е за носење одлуки, не знаеме кога пак ќе ја имаме оваа шанса за членство во ЕУ
Македонија

Маричиќ за „Гласот на Америка“: Време е за носење одлуки, не знаеме кога пак ќе ја имаме оваа шанса за членство во ЕУ

14/07/2023

AA

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Гласот на Америка“ рече дека не е време за предвремени избори, туку време за носење одлуки и дека предвремени избори може да има само доколку опозицијата се согласи веднаш да гласа за уставните измени.

– Само тоа е опција што ние како Влада би прифатиле предвремени избори. Мислам дека не е време за предвремени избори туку е за понесување одговорност и за имплементација на она што ни е обврска. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме таа обврска пред изборите за да не бидат изборите оптоварени со тоа кој е за, а кој против уставни измени, затоа што тоа ќе нè внесе во нов десетгодишен тунел од кој не знаеме дали ќе можеме да излеземе, како што бевме изминатиот период со спорот со Грција. Тоа не ни донесе подобро позиции и не ни ја зајакна улогата, не ги подобри перформансите ниту внатре во државата ниту не приближи до нашата цел, членство во ЕУ. Затоа не треба граѓаните да бидат предмет на пропаганда и илузија, треба да се зборува отворено и одговорно, изјави Маричиќ.

Маричиќ зборуваше за посетата на САД и пораките кои високите претставници на Стејт Департментот ги испратија, посочувајќи дека имаме шанса која не смееме да ја пропуштиме и која не се знае дали и кога би ја имаме повторно, за која стратешките сојузници бараат лидерство, одговорност и поттик Северна Македонија да оди напред, а не политикантство.

– Пораката е дека постои моментум за Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, за приклучување кон европските интеграции, заедно со и поврзано со ситуацијата во Украина. Дека таа шанса не смееме да ја пропуштиме, втора шанса не знаеме кога ќе имаме, нема да има можност повторно да се преговара и разговара за оние исти прашања кои ги решивме минатото лето со Бугарија, во Францускиот предлог, едноставно е време за лидерство за носење одлуки и за поттик на државата за напред.

Не е време за политикантство, не е време за избори и за партиски препукувања. Време е секоја партија и секој пратеник и секој политичар да покаже на дело дека е за исполнување на нашите стратешки приоритети во случајов, исполнувањето на членството во Европската Унија, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Зборувајќи тековни активности и процеси кои ги води Владата, во Скопје и Брисел, Маричиќ напомена дека за тековните активности во Скопје и Брисел Маричиќ укажа дека треба да се туркаат реформите и европските процеси, дека треба да се врати функционалноста на Собранието и да се работи на консензусот за Европската Унија.

– Партиите може да се расправаат на многу теми, но за темата ЕУ не смеат и треба да бидат на една страна, затоа што тоа е во интерес на граѓаните. Чувствувам дека консензусот за ЕУ е нарушен откако ВМРО-ДПМНЕ зазема премногу цврст став дека не ги поддржува уставните измени. Ние не можеме само декларативно да сме за ЕУ, мора да покаже е на дело. Денеска за тоа се уставните измени кои треба да ги завршиме, утре ќе бидат многу други одлуки кои ќе треба пак со 2/3 мнозинство да се носат, а се врзани со конкретни европски политики, дали се тоа реформи во правосудството дали за системски закони, дали е за одлука поврзана со некоја важна политика во животна средина која ќе треба да ја усвоиме, а ќе биде скапа и тешка, ќе има простор каде да се покаже консензусот, но мора да почне денес, порача Маричиќ во интервјуто за „Гласот на Америка“.

Маричиќ укажа дека не постои план Б и дека поддршката којашто доаѓа од сите, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави е за реализација на единствениот план А, а како што вели тој тоа е: Завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ и членство на Северна Македонија во 2030 година.

– Секоја партија и секој политичар којшто ќе се спротивстави на овој план ќе носи историска одговорност за евентуален негов неуспех. Јас сум сигурен дека имаме доволно време до ноември да ја доведеме целата пратеничка група или дел да гласа за овој предлог, бидејќи премногу е голем влогот за да ја изгубиме оваа шанса. Треба и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата да дадат одговор зошто работат на тоа да оваа шанса ја пропуштиме, бидејќи наредната година или таа после неа, бидејќи ќе имаме друг контекст, а ние веќе ќе задоцниме во однос на она како ќе се движи целиот регион а веќе и доцниме. 17 години чекавме да ги почнеме преговорите, немаме веќе време ниту ден за губење, потенцираше вицепремиерот.

На прашањето дали борбата против корупцијата на Западен Балкан, како главен приоритет на американската администрација, е закана за националната безбедност, Маричиќ одговори дека е многу важно за заштита на развојот, просперитетот и безбедноста на нашата држава да се интензивираме борбата против корупцијата и дека најдобар начин да се справиме со ова прашање е да ги продолжиме преговорите и во текот на преговорите да ги зајакнеме нашите капацитети.

– Ние како Влада не сме бегале од оваа тема, сметам дека направивме многу, но има уште што да се направи и подготвени сме со нашите партнери да најдеме решение како да се зајакни улогата на независното судство и како да се зајакне капацитетот на обвинителството како клучна алка во борба против корупцијата за да тоа има ефект.

Корупцијата е феномен и појава со која треба да се бориме на сите полиња и во сите области, изјави Маричиќ додавајќи дека и досега покажале во многу случаи на корупција од високо ниво и многу актуелни случаи, дека умеат да се борат против корупцијата, само како што вели Маричиќ потребна е силна поддршка и градење капацитети на институциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Жена не може да оди по породување со царски рез во штипската болница, најавена вонредна

01/08/2026

Министерството за здравство најави вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, откако 19-годишна пациентка останала со тешки невролошки последици по

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy