Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ очекува летово извештаите за скринингот да се најдат пред Советот на министри на ЕУ
Македонија

Маричиќ очекува летово извештаите за скринингот да се најдат пред Советот на министри на ЕУ

10/06/2023

AA

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ во интервју за МИА вели дека очекува извештаите на ЕУ за скринингот за усогласување на законодавството, да се најдат пред Советот на министри на Европскат Унија летово, додека во фаза на консултации во Европската комисија се извештајот за скринингот на Првиот кластер – Темелни вредности и на Вториот кластер – Внатрешен пазар.

– Ние очекувавме и досега, меѓутоа мислам дека од тактички или стратешки причини заради следењето на динамиката со уставните измени, Европската комисија се уште ги нема доставено извештаите. Инаку, знаеме дека извештајот за скринингот на Првиот кластер – Темелни вредности и на Вториот кластер – Внатрешен пазар се веќе во фаза на консултации внатре во Комисијата и очекуваме летово да се најдат пред Советот на министри на Европската Унија, вели Маричиќ.

Паралелно, додава тој, веќе работиме на драфтирање на нацрт патоказите и очекуваме некаде наесен да бидат усвоени и извештаите за скринингот и да ги доставиме патоказите и со доставувањето на патоказите практично ќе ги исполниме и оние услови за отворање на првиот кластер заедно со уставните измени.

– Затоа велам временски е битно дотогаш да тече работата. Планираме летово и да работиме и да го комплетираме и оној клучен дел на преговарачкиот тим, така што во него ќе има место за сите. И затоа и тоа би го ставил на маса за разговор со опозицијата, бидејќи сакаме тој тим да трае, да опстои и да има поддршка од сите политички партии, нагласи Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy