Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Граѓаните сакаат европска перспектива и за нив единствената опција сè уште е ЕУ
Македонија

Маричиќ: Граѓаните сакаат европска перспектива и за нив единствената опција сè уште е ЕУ

21/05/2023

AA

Граѓаните сакаат европска перспектива и за нив единствената опција сè уште е Европската унија, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Според него, долгогодишната политика на сеење страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот.

-Сеење страв и поигрување со националните чувства на граѓаните од страна на опозицијата дека ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има бугаризација, федерализација, кантонизација или дека јазикот ќе ни биде одземен само штетат на државата и граѓаните. Не можеме и не сакаме да ја убедиме Бугарија во тоа кои сме и што сме. Сакавме и во тоа успеавме да ја убедиме ЕУ односно другите 26 држави членки, да не ја преземат политиката на Бугарија како европска, да не биде негирањето на македонскиот јазик и обидите за негирање на идентитетот на ниво на европска политика, истакнува вицепремиерот Маричиќ на гостувањето во „Детектор“.

Тој потенцира дека освен патот кон Европската унија, државава нема друга алтернатива и политичарите се должни да ги реализираат стратешките интереси.

Според Маричиќ, тоа ќе се постигне со заедничка работа преку која ќе им се објасни на граѓаните дека Северна Македонија нема да го изгуби својот идентитет.

-Нема никаква опасност по нашиот идентитет впишувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во македонскиот Устав. Наша одговорност како политичари е да ги решаваме проблемите заедно и одговорно да им ја претставиме вистинската слика на граѓаните дека уставните измени немаат негативни последици, напротив тоа заедно со реформите значи членство во ЕУ до 2030 година, нагласува Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy