Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност
Македонија

Маричиќ: Членството во ЕУ веќе не е теоретска шанса, туку реална можност

20/03/2023

AA

Мислам дека сите политички партии се соочени со одговорноста за продолжување на патот кон ЕУ. Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека не е идеален францускиот предлог. Така свесни и го предложивме во Собранието. Свесни сме и дека направивме премногу отстапки досега. Но исто така сме свесни дека по првпат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години. Да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност. Не е веќе само теоретска шанса, туку имаме реална можност и треба да ја искористиме, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Ние можеме да одлучиме дека ќе ги направиме уставните измени и за две години, и за три години и за пет години. Впрочем тоа беше и тема на дебата, на дискусија во текот на преговорите околу францускиот предлог. Нам ни одговараше сигурно да имаме повеќе време, или тоа да го направиме кон крајот на преговорите. Но, тоа не можеше како план да помине ниту во Бугарија, ниту генерално да биде прифатено. Затоа сме во оваа ситуација сега, оцени Маричиќ.

Според него, ЕУ да ја пропушти шансата што ја има за регионот, за оваа година.

-Потенцирам за оваа година, затоа што мислам дека нема во јавноста доволно смисла за ургентноста на задачите што ги имаме затоа што наредната година веќе во мај има избори за Европски парламент, и потоа има еден процес од неколку месеци за избор на нова Европска комисија, избор на претседател на Европскиот совет, идната година ќе биде посветена на избори. Од друга страна, слушаме дека има сериозни политички структури и во ЕК и во ЕП и кај државите членки, кои ќе инсистираат за отворање на преговорите за Украина и Молдавија во догледно време, до европските избори, рече Маричиќ.

Тоа, како што рече тој, значи дека ние немаме време за губење, тоа значи дека веќе не е ситуацијата како претходно, кога можевме да префрлиме од една во друга година.

-Оваа ситуација не е таа. Таа обврска нема да ни замине. Ние можеме да решиме и да не го правиме тоа, да чекаме избори.Имаме два паралелни процеси, едниот е процесот на скрининг, другиот на уставни измени. Ние мора да ги завршиме двата процеси, ако сакаме на крајот од оваа година да поентираме и да преминеме на наредна фаза, потенцира Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44904
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy