Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЛИТЕ ФАРМЕРИ СТРАВУВААТ ДЕКА СЕ СЛЕДНИ: Ако не може голема фарма да се заштити од свинската чума, како ние?
Економија

МАЛИТЕ ФАРМЕРИ СТРАВУВААТ ДЕКА СЕ СЛЕДНИ: Ако не може голема фарма да се заштити од свинската чума, како ние?

09/09/2023

AA

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите.

– Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни мерки, со најдобро обезбеден режим на движење, меѓутоа и таму се појави. Од што дојде и како дојде, никому не му е јасно. Моментално, во малите фарми што се околу фармата, уште нема никаде појавено од свинската чума, па ќе видиме натаму, вели Сарафимов.

Тој посочува дека болеста не е опасност за луѓето, туку само за животните, а нејзини преносители најчесто се дивите свињи. Од таа причина, смета Сарафимов, требало да се преземат мерки со цел да се спречи ризикот од болеста.

– И таа африканска свинска чума не е нешто страшно за луѓето, да не се плашат за исхраната, всушност, од тоа не се ни дава на исхрана, тие свињи нештетно се  уништуваат. Меѓутоа, да не се крева паника, не е тоа нешто заразно за луѓето, таа се пренесува само од животни на животни, најмногу ја пренесуваат дивите свињи. Требаше уште поодамна да се преземе нешто за намалување на бројот на дивите свињи, уништувањето на дивите свињи и на тој начин да се намали ризикот од африканската свинска чума – додава Сарафимов.

Инаку, на 25 претходниот месец, болеста африканска свинска чума беше потврдена во поголема фарма во селото Таринци, а закопувањето на околу 9.000 свињи започна во средата. Од АХВ посочија дека евтаназијата се спроведува со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна евтаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy