Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски – Ѕинго?
Економија

Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски – Ѕинго?

16/07/2024

AA

Големиот македонски рударско-индустриски комбинат „Силекс“ низ децениите растеше и се развиваше во холдинг под водство на неговиот директор Љубисав Иванов – Ѕинго по многу карактеристики уникатен и способен стопанственик, спортски работник и претседател на парламентарна политичка партија (поранешен од ноември 2020 година н.з.). Комбинатот што беше синоним за вадење камен и рударски работи годинава одбележа 70 години постоење. На јубилејот оваа компанија нема ниту еден вработен, главна дејност и е издавање недвижности, а има приход од едвај милион евра годишно. Нејзиниот прв човек (синот на Ѕинго) волонтира заедно со целата управа и сите челнови на надзорниот одбор

РИК „Силекс“ не плаќа ниту денар на членовите на Управниот и на Надзорниот одбор. Тројцата членови на Управниот одбор предводен од Горан Ивановски Ѕинго и уште толку претставници на Надзорниот одбор нивната работа ја работат бесплатно односно волонтерски (н.з.), пишува во годишниот извештај на РИК „Силекс“ компанија која низ годините наназад важеше за голем рударски капацитет и која годинава одбележува 70 години од своето постоење.

Во извештајот на „Силекс“ пишува дека членовите на Управниот одбор Горан Ивановски, Зоран Додевски и Влатко Топуков исто како и членовите на Надзорниот одбор: Саве Антоновски, Сашка Цветановска и Антонио Велков не добиваат никакви надоместоци од РИК Силекс ниту пак се вработени во комбинатот. Всушност во извештајот пишува дека РИК Силекс не знае дали се вработени членовите на управата и на надзорниот орган ниту пак доколку се вработени поседува информации за нивните примања.

Всушност РИК Силекс воопшто нема вработени. Но затоа пак поседува 11 компании меѓу кои најголема е „Земсил“ со основачки влог од 1,25 милиони евра, а со основачки влог поголем од 5.000 евра се уште: фудбалскиот клуб „Силекс“ и „Силтранс“. Дури седум компании се со основачки влог од 5.000 до 5.200 евра и тие се: „Силпен“, Заеднички служби АБВ и „Силтекс“, „Силфор“, „Хотел Силекс“, „Силтранс“ и „Рударство ДООЕЛ“. Фирма-ќерка со најмал основачки влог е „Силком“ основана со помалку од 3.000 евра.

Во извештајот на волонтерите од Управниот одбор на РИК „Силекс“ пишува дека во 2023 година главна приходна дејност на комбинатот за вадење руди и камен била издавање недвижен простор.

Минатата година РИК „Силекс“ ја завршил со добивка од 188.000 евра, а приходот изнесувал 1,065 милиони евра. Добивката лани во споредба со 2022 година е намалена за 40 отсто. Според достапни официјални податоци компанијата има акумулирана загуба од 6,2 милиони евра.

Горан Ивановски, син на Љубисав Иванов – Ѕинго, е и најголем поединечен акционер и во РИК „Силекс“ поседува 36,7 отсто од акциите со право на глас. Неговата сестра Розета Димитровска поседува 27,2 отсто од акциите. И двајцата акциите ги наследија од нивниот татко Љубисав Иванов – Ѕинго.

Во РИК „Силекс“ 35,1 отсто од акции со право на глас поседуваат уште 584 акционери – домашни физички лица. Најголем дел од нив се поранешни вработени во РИК „Силекс“ или нивни наследници.

РИК „Силекс“ во својата корпоративна историја никогаш не поделил дивиденда на своите акционери.  

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy