Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Макрофинансиска поддршка од 100 милиони евра од ЕУ за справување со последиците од енергетската криза
Македонија

Макрофинансиска поддршка од 100 милиони евра од ЕУ за справување со последиците од енергетската криза

06/02/2023

AA

Европската унија ќе и додели 100 милиони евра на РС Македонија за справување со последиците од енергетската криза. Денеска Европската комисија даде предлог за обезбедување на овие средства за земјата преку пакетот за макрофинансиска поддршка воспоставен во време на ковид-кризата, соопшти Министерството за финансии.

Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на РС Македонија во текот на оваа и наредната година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи насочени во областа на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспрентноста во државната помош, енергетската, ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

Ова значи поддршка од ЕУ на земјата на патот кон членство во ЕУ, поддршка за реформите и најзначајно поддршка на политиките во време на криза. Таа стигнува како потврда на она што го преземаме откако претходно тоа беше потврдено и од меѓународните финансиски институции, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Помошта ќе биде исплатена во две транши, а е дополнување на претходно одобрениот Инструмент за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд. Средствата ќе бидат достапни откако предлогот ќе биде усвоен во Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.

Станува збор за средства од пакетот што ЕК го воспостави во време на ковид – кризата. РС Македонија во 2020 и 2021 година година користеше 160 милиони евра маркофинансиска поддршка од ЕУ за справување со економските последици од коронавирусот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има

18/08/2026
Македонија

Охридското Езеро неделава ќе се пориби со 100.000 пастрмки

18/08/2026
Македонија

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

18/08/2026
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските амбасадори во Скопје

18/08/2026

Македонските амбасадори и генерални конзули од странство оваа недела ќе се соберат во Скопје на Амбасадорски совет, настан кој по

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

18/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy