Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein2024“
Економија

Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein2024“

11/03/2024

AA

Македонските
вина се претставуваат на најпознатиот меѓународен саем за вино и жестоки
пијалаци „ProWein2024“, кој од 10 до
12 март, се одржува во Дизелдорф, Германија. На триесеттото издание на „ProWein2024“ учествуваат македонските винарници: „Тиквеш“, „Камник“, „Венец“, „Мовино“, „Имако“, „Попов“, „Милев“, „Стоби“, „Парагон“, „Сопот“ и „Лазар“.

Учеството на
овој саем е од исклучително значење за македонските винарници бидејќи посетителите на саемот се вински експерти, сомелиери, вински ентузијасти
и лица со одлучувачка моќ во компаниите од кои доаѓаат. Тоа овозможува директен контакт на учесниците со релевантни купувачи од целиот свет.

 

„Овој настан
е важен за сите винарници кои се стремат кон глобално присуство на своите производи,
но и место каде што се претставуваат новитетите и последните трендови во индустријата.
Присуството на македонските винарници
е значајно за позиционирањето на земјата и на поединечните брендови на меѓународно ниво“, истакна Елена Младеновска Јеленковиќ,
извршен директор на Здружението „Вина на Македонија“, која ја претстави македонската винска индустрија и на настан во
организација на најзначајната
асоцијација за одржливо производство во светот – „Sustainable Wine Roundtable“.

Посетителите на „ProWein
2024“ имаат одлична можност да се запознаат со автентичните вкусови и ароми на
македонските вина и да уживаат во нивниот квалитет кој го освојува
интернационалниот пазар.За време на саемот се организираат ексклузивни
дегустации од страна на професионалци кои креираат неповторливи искуства за
присутните.

На овој саем, македонските
винарници имаат единствена можност пред светот да го покажат своето врвно вино
кое е плод на вековната традиција и современите технологии за производство на
вина со неспоредлив квалитет и карактер.

Оваа година учеството
на саемот се реализира со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство
и водостопанство, кое во целост го покрива заедничкиот штанд на македонските
винарници. Дополнително,Винарската визба „Тиквеш“, како најголема винарница од
нашата земја,е претставена на посебен штанд, претставувајќи ги своите производи
со традиција и докажан квалитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy